Хирург намерно си ги повредил нозете за да му ги ампутираат, поради изопачен фетиш: Детали за случајот што го згрози светот
- Детали
- сабота, 13 септември 2025
Хирург од Англија намерно си нанел сериозни повреди на нозете за да мораат да му ги ампутираат. По операцијата, зел над половина милион евра од осигурителни компании, а полицијата открила дека тој има и фетиш поврзан со ампутирање. Што знаеме за случајот што го згрози светот?

Еден од побизарните случаи на кои ќе налетате периодов е дефинитивно оној за хирургот Нил Хопер од Англија кој самиот си нанел сериозни повреди на нозете за да му ги ампутираат.
По ампутацијата, 49-годишниот доктор давал инспиративни интервјуа, па добил и признание за храброст во родната земја.
Но, сега ќе оди во затвор бидејќи си ги нанел повредите за пари од осигурување, но и поради неговите изопачени фетиши.
Детали за случајот што сигурно ќе ве згрози:
Во 2019 година, Нил Хопер си ги потопил нозете во комбинација од мраз и таканаречен сув мраз. Ги држел во смесата со часови, па кога конечно стигнал до болница, лекарите немале избор освен да му ги ампутираат.
Тврдејќи дека нозете му биле ампутирани поради сепса, успеал да измами и две осигурителни компании кои му исплатиле над половина милион евра.
Нил бил васкуларен хирург, па кога самиот се соочил со страшна операција – ампутација – репутацијата кај пациентите и колегите значително му се подобрила.
Притоа, по само шест месеци од зафатот, со помош на протетички нозе, Нил успеал да се врати и во операционата сала.
Набрзо потоа, бил поканет на настан организиран од страна на BBC, во чест на луѓе кои надминале големи предизвици во животот.
Впрочем, тој бил почесен гостин, па дури му била доделена и почесна награда на настанот за неговата храброст.
„Приказната на Нил е извонредна. Тој ги надмина нормалните очекувања за издржливоста на луѓето“, изјавија од жирито пред да му ја врачат наградата.
Телевизиски канал од Велс снимил цел документарец за него, го викале на интервјуа и, на некој начин, Нил бил херој во целото Обединето Кралство.
Но, од јавноста, но и пријателите и семејството, Нил ја криел својата мрачна страна – неговиот изопачен фетиш за ампутации.