Хирург намерно си ги повредил нозете за да му ги ампутираат, поради изопачен фетиш: Детали за случајот што го згрози светот
Нил следел веб-сајт со вознемирувачка порнографска содржина, вклучително и видеа со ампутации. Сајтот бил во сопственост на маж по име Мариус Густавсон, а од него Нил имал купено три вознемирувачки видеа.
Полицијата всушност трагала по сопственикот на сајтот, кога ја забележале неговата конекција со Нил.
Тие нашле и пораки меѓу Нил и сопственикот на сајтот, во кои хирургот му опишувал како самиот си ги повредил нозете и на крај му ги ампутирале.
Минатата година, Мариус Густавсон доби 22-годишна казна затвор, а неговиот сајт беше затворен.
Додека траела истрагата, полицијата дознала и дека Нил ја добил инспирацијата за операцијата токму од основачот на сајтот бидејќи и тој направил нешто слично само неколку месеци пред хирургот.
Од пораките било јасно и дека Нил сакал да биде личност со ампутирани екстремитети бидејќи тоа му причинувало сексуално задоволство.
„Неговата мотивација е комбинација од опсесија за отстранување на сопствени делови од телото и сексуален интерес во тоа.
Изгледа дека ова е амбиција што ја имал одамна“, беше утврдено на судењето на Нил.
Во март 2023 година, полицијата затропала на вратата Нил и по некое време бил уапсен за охрабрување на сопственикот на веб-сајтот.
Потоа беше обвинет за поседувањето на трите видеа што ги купил од сајтот, како и за лажење на осигурителните компании.
Хирургот призна вина за две обвиненија – лажење на осигурителните компании и поседувањето на вознемирувачките видеа.
За првото обвинение доби 22 месеци затвор, а за видеата – 10 месеци.
Во меѓувреме се дознаа и други детали од животот на хирургот.
Тој страдал од телесна дисморфија уште од детството и сметал дека стапалата му се вишок.
Па судењето изјави дека не жали за ампутацијата, туку за тоа што лажел за неговите повреди.
По ампутацијата му годело вниманието што го добивал семејството, но и јавноста. И, поради ова му станувало сè потешко да ја каже вистината.
Сепак, се јави загриженост кај пациентите што ги третирал хирургот – штом имал опсесија со ампутации, дали можеби ги извршил и во ситуација кога биле непотребни.
Британските власти почнаа истрага и за ова и според последните информации, нема докази дека Нил им наштетил на своите пациенти на кој било начин.
Спирова С. | Црнобело