Влезе во кралската палата и го уби целото семејство - Најголемиот масакр во историјата на Непал го изврши принц

Хималајската држава Непал, која сега е демократска република, во минатото била кралство, на почетокот на 21-иот век, во само три дена ги погреба својот крал, кралица, престолонаследникот и уште шест членови на кралското семејство.

vleze-vo-kralskata-palata-i-go-ubi-celoto-semejstvo-najgolemiot-masakr-vo-istorijata-na-nepal-go-izvrshi-princ-01.jpg

На 1 јуни 2001 година, сè било како и вообичаено во палатата Нарајанхити, резиденцијата на непалското кралско семејство во Катманду.

Ова бил сосема обичен ден, во кој семејството организирало една од бројните прослави, но ништо не навестувало дека ќе се случи трагедија.

Кралот Бирендра и кралицата Ајшварја славеле и разговарале со своите гости, кога одеднаш нивниот син, принцот Дипендра, влегол со огнено оружје во просторијата.

vleze-vo-kralskata-palata-i-go-ubi-celoto-semejstvo-najgolemiot-masakr-vo-istorijata-na-nepal-go-izvrshi-princ-03_copy.jpg

Тој ги застрелал татко си, мајка си, помладиот брат Нирајан, сестра си Шрути и пет други членови на семејството, а потоа си пукал самиот во главата.

Напаѓачот сепак преживеал, паднал во кома и додека лежел на смртна постела без свест во болницата - бил прогласен за крал.

Сепак, не доживеал да ја носи круната, бидејќи починал три дена откако пукал врз своето семејство.

vleze-vo-kralskata-palata-i-go-ubi-celoto-semejstvo-najgolemiot-masakr-vo-istorijata-na-nepal-go-izvrshi-princ-02.jpg

По ова, титулата крал му припаднала на принцот Гјанендра, брат на покојниот крал Бирендра.

По 24 години, не е разјаснето зошто непалскиот принц си го уби целото семејство.

Во јавноста и во медиумите се појавија разни теории, а една од првите е дека принцот бил скршен од болка, затоа што не му било дозволено да се ожени.

За време на престојот во Велика Британија, тој се заљубил во Индијката Девиани Рана, но семејството не му дало благослов, бидејќи мајката на Девиани била член на пониската класа на кралското семејство на Индија, додека нејзиниот татко имал неповолни политички врски.

Многумина верувале дека влијанието на Индија врз Непал ќе биде огромно доколку се склучи овој брак.

vleze-vo-kralskata-palata-i-go-ubi-celoto-semejstvo-najgolemiot-masakr-vo-istorijata-na-nepal-go-izvrshi-princ-11.jpg

Дури и огромното богатство на потенцијалната невеста не можело да го убеди непалското кралско семејство дека таа е добар избор за Дипендра.

Нејзините родители биле дури и побогати од кралот на Непал, а нејзината мајка, наводно ѝ рекла на Девиана дека квалитетот на нејзиниот живот ќе се намали ако се омажи за принцот.

Кралот и кралицата на Непал за својот син избрале девојка од соперничка гранка на непалскиот клан Рана, наместо жената што ја сакал.

vleze-vo-kralskata-palata-i-go-ubi-celoto-semejstvo-najgolemiot-masakr-vo-istorijata-na-nepal-go-izvrshi-princ-04.jpg

Друга поголема теорија е дека мотивите на Дипендра за убиствата биле политички.

Принцот, наводно, не бил задоволен од преминот од апсолутна кон уставна монархија и тоа што татко му се откажал од својата огромна моќ по непалската револуција во 1990 година.

Многумина сметаат дека ова е вистинската причина, бидејќи Дипендра со многу ентузијазам ги поздравил промените во земјата, најмногу затоа што во тоа време бил на студии на Итон во Обединетото Кралство.

Но, и покрај промената, приказните за кралското семејство и една од најголемите трагедии во земјата во изминатите децении, и понатаму предизвикуваат многу контроверзии и прашања.

vleze-vo-kralskata-palata-i-go-ubi-celoto-semejstvo-najgolemiot-masakr-vo-istorijata-na-nepal-go-izvrshi-princ-06_copy.jpg

Непалците често се прашуваат колкава била грижата за безбедноста на кралот, но и зошто Гјанедра, братот на кралот, кој седна на престолот по масакрот, не бил присутен на забавата тој ден.

Имаше шпекулации за неговата вмешаност во злосторството, а некои теории одеа дотаму што истакнаа дека е необично што принцот Дипендра се застрелал во левата слепоочница иако ја користел десната рака.

Истрагата за масовното убиство на непалското кралско семејство траеше само две недели, а Непал ја отфрли понудата на британскиот Скотланд Јард за помош, поради што многу прашања и денес остануваат без одговор.

vleze-vo-kralskata-palata-i-go-ubi-celoto-semejstvo-najgolemiot-masakr-vo-istorijata-na-nepal-go-izvrshi-princ-07.jpg

Неколку години подоцна, во 2006-та, монархијата во Непал беше укината, по гласање во парламентот, а во 2008 година официјално стана федерална република и името на државата се преименува во „Федерална Демократска Република Непал“.

Кралот Гјанедра, пак, денес ужива во своето богатство, кое се проценува на повеќе од 100 милиони долари, и не се меша многу во политиката на земјата откако е укината монархијата.

Сепак, во март 2025 година, се појави пред 10.000 поддржувачи на монархијата, кои бараат нејзино повторно воспоставување поради незадоволство од состојбата во земјата, а објави и видео во кое вели дека е загрижен за нивото на демократија во Непал.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина „заспаниот принц“ од Саудиска Арабија: Помина 20 години во кома, по сообраќајка По две децении во кома, 36-годишниот Ал-Валид од Саудиска Арабија, попознат како...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...

Најчитани неделава