Убиецот на Украинката во САД потекнувал од семејство криминалци: Брат му е во затвор за убиство, татко му бил апсен неколкупати

Имено, сестра му Трејси неколкупати била апсена за кражба и давање отпор при апсење.

ubiecot-na-ukrainkata-vo-sad-poteknuval-od-semejstvo-kriminalci-brat-mu-e-vo-zatvor-za-ubistvo-tatko-mu-bil-apsen-nekolkupati-5.JPG

Таткото на убиецот, кој го има истото име како него, исто така бил апсен неколкупати.

Според документите што ги видела редакцијата на Fox News, бил апсен за провалување, кражба, како и поседување оружје на универзитетски кампус.

Претходно за The Post се огласи и помалиот, 19-годишен брат на убиецот.

ubiecot-na-ukrainkata-vo-sad-poteknuval-od-semejstvo-kriminalci-brat-mu-e-vo-zatvor-za-ubistvo-tatko-mu-bil-apsen-nekolkupati-03.JPG

За разлика од останатите членови на семејството, тој немал проблеми со законот, но истовремено и не бил во контакт со татко му и брат му.

Тој вели дека е сигурен дека трагедијата би била избегната ако брат му завршел во институција или во затвор по неговото последно апсење.

„Јас не ни знаев дека има проблеми со менталното здравје. Мислам дека не требало да дозволат да шета слободно во таква состојба. Би можел да го повтори убиството.

Треба да добие третман за проблемите со менталното здравје, но да има и последици за неговите постапки“.

ubiecot-na-ukrainkata-vo-sad-poteknuval-od-semejstvo-kriminalci-brat-mu-e-vo-zatvor-za-ubistvo-tatko-mu-bil-apsen-nekolkupati-08.JPG

Тинејџерот вели и дека во животот го видел брат му само еднаш или двапати.

„Тој беше на страната на татко ни. И двајцата имаат досие од одење по затвор и слично“.

Тој се присетува и на моментот кога неговиот друг брат бил уапсен и вели дека ситуацијата е иста како и сега.

ubiecot-na-ukrainkata-vo-sad-poteknuval-od-semejstvo-kriminalci-brat-mu-e-vo-zatvor-za-ubistvo-tatko-mu-bil-apsen-nekolkupati-02.JPG

Неколку американски медиуми побарале изјава од таткото на убиецот, но не успеале да допрат до него.

Инаку самиот Декралос пред убиството бил апсен најмалку 14 пати.

Последен пат бил уапсен во јануари кога повикал брза помош и тврдел дека полицијата му ставила некаков чип.

Тогаш бил ослободен само со изјава дека редовно ќе оди на контроли за менталното здравје.

ubiecot-na-ukrainkata-vo-sad-poteknuval-od-semejstvo-kriminalci-brat-mu-e-vo-zatvor-za-ubistvo-tatko-mu-bil-apsen-nekolkupati-04.JPG

Сослушувањето за убиството на младата Украинка е закажано за 19-ти септември. Во меѓувреме, била наредена и евалуација на менталното здравје на убиецот со цел да се докаже дали е способен за го следи судењето.

На сослушувањето се очекува да бидат споделени резултатите од евалуацијата.

Прочитајте и: Имал шизофренија, мајка му молела да го сместат во институција: Кој е мажот што ладнокрвно уби девојка во воз во САД?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Полицијата не можеше да го фати убиецот и силувачот на тетка ми – го заведов на Фејсбук и сега е за... Жена од Британија решила да ја преземе правдата во свои раце, откако полицијата ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава