Контроверзен јутјубер е во врска со мајка и ќерка: „Изгледа бизарно, ама имаме граници и не спиеме заедно“
- Детали
- среда, 17 септември 2025
Јутјубер од САД вели дека скоро две години е во врска со мајка и ќерка. Но, покрај многуте критики за бизарната врска, некои сметат дека сепак станува збор за лага која му носи поголема гледаност на Јутјуб.

Еден од најконтроверзните јутјубери периодов несомнено е Николас Хантер, попознат како Ник Јарди.
29-годишниот јутјубер има над 3,5 милиони следбеници на Јутјуб и дури 2,3 милиони следбеници на Инстаграм. А, целото внимание го привлекува со скандали.
Неговата популарност драстично се зголеми на почетокот од годината, кога се пофали дека чека деца од две жени кои се мајка и ќерка.
Очекувано, дури и неговите верни следбеници беа згрозени од изјавата, но подоцна Ник откри дека била лажна, но дека можеби некогаш и ќе имаат дете.
Целта со лагата му била да привлече внимание, во што и успеал.
Сепак, во интервју за Daily Mail, тој тврди дека навистина е во врска со мајката и ќерката, кои се на возраст од 22 и 44 години.
„Нема бебиња. Целото видео беше само скеч, не е реално. Луѓето кои ме следат бараат забава и мислам дека не поверуваа“.
Што се однесува до бизарната врска, тој вели дека навистина биле заедно скоро две години.
22-годишната девојка е исто контроверзна колку и јутјуберот и снима филмови за возрасни. Нејзината мајка, пак, работела како „лајф коуч“.
„Навистина се мајка и ќерка и навистина сме во врска. Но, не се бремени, барем не сè уште“, додава јутјуберот.
Јутјуберот ја почнал онлајн кариерата во 2017 година, откако излегол од затвор.
Бил затворен цела година, за поседување дрога и вели дека по излегувањето немал воопшто пари, па решил да почне да снима скечеви и да објавува комична содржина.
„Снимам разни пародии, само за забава, за да ги насмеам луѓето“.
Вели дека прво ја почнал врската со ќерката. Кога минувале низ тежок период, побарале совет од мајка ѝ, па наводно таа им советувала да пробаат да имаат „отворена“ врска.
На крај, излегло мајката да биде третата личност во врската.
Јутјуберот вели дека е свесен за бизарната ситуација, но истакнува дека имаат граници.
„Нормално, тројцата не спиеме заедно“.
Тој додава дека заедничкиот живо им е хармоничен – ги делеле обврските низ домот, имале заедничка банкарска сметка, а јутјуберот им посветувал посебно време и на мајката, и на ќерката.
Покрај бројните критики, некои сепак мислат дека врската е премногу бизарна за да биде вистинита. Односно, дека јутјуберот, мајката и ќерката лажат, секако, за гледаност.
„Ова е лажно. Зарем навистина верувате?“
„Тажно е што некои луѓе мислат дека ова е вистина“.
„Не е важно дали е лажно или не, зошто да објавуваш вакви работи онлајн?“
„Ова е како ријалити шоу, а тие се само актери. Секако дека не е вистина“.
„Искрено, денес веќе не можам да препознаам што е вистина што не“.
Спирова С. | Црнобело