Ќерка (13) на милијардер се шета со аутфит што чини повеќе од луксузен автомобил - само чантата ѝ е 70.000 евра
- Детали
- четврток, 18 септември 2025
13-годишната ќерка на милијардерот Адам Абрахам е доказ дека некогаш некои родители претеруваат со луксузот кои им го дозволуваат на своите деца. Таа детално споделува колку чини еден нејзин аутфит и тоа е повеќе од цена на нов, луксузен автомобил. Соодветно или претерано?

Маали Абрахам од Велика Британија е ќерка на Емили и Адам Абрахам, кои се сопственици на продавница за луксузни работи од втора рака, наречена „Love Luxury“.

13-годишната Маали живее во луксуз, а семејството со тоа сака да се фали и на социјалните мрежи.

Таа позираше во стајлинг со точки, надополнет со ѓердан, алки и часовник и чанта, која верувале или не чини 70.000 евра.

Маали поседува бројни модни додатоци од брендот за накит Van Cleef & Arpels, а има и огромна колекција на дизајнерски чанти, вклучувајќи и Hermès Birkin.
Таа е мал моден фанатик е позната е по тоа што на само 13 години има видено повеќе луксуз, отколку што повеќето би виделе за цел живот.

Има и автомобил Mercedes G-Wagon, вреден повеќе од 400.000 евра, кој е обоен како еднорог.
Маали за време на една прошетка низ Лондон откри колку чини нејзиниот стајлинг во тој миг:
Ѓердан Van Cleef & Arpels која вреди 9.000 евра.
Cartier алка вредна 8.000 евра и уште една алка од 6.000 евра.
Како љубителка на Van Cleef & Arpels, таа носела и трета алка од 12.000 евра од истиот бренд, како и ремен кој чини 21.000 евра.
