Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам повици“
- Детали
- сабота, 20 септември 2025
„Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависност од големината на јахтата. Станува збор за суперјахти и овој бизнис носи добар приход“, вели Кармен Фирнли (27) од Велика Британија.

Кармен Фирнли (27) од Велика Британија води луксузен живот во Дубаи, каде има својата компанија за изнајмување јахти на славни личности и милионери „Yacht Do You Want“.
Кармен за магазинот „TheSun“ вели:
„Мојот живот денес е целосно различен од мојот стар живот во Лидс, каде што пораснав.

Кога првпат се преселив во Дубаи, работев во ексклузивен клуб.
Добивав толку многу барања од супер богати мажи и славни личности за да им помогнам за организирање забави на јахта и да им посредувам изнајмување на јахти за крстарења, па решив да започнам свој бизнис пред три години.

Изнајмувам луксузни јахти на Инстаграм инфлуенсери, спортисти, бизнисмени, богаташи што работат со криптовалути, милионери и славни личности.

Потрагата за јахти е 24/7 во Дубаи и добивам повици во секој дел од денот и ноќта.
Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависност од големината на јахтата.

Станува збор за суперјахти и овој бизнис носи добар приход.
Хостеса со добри способности може да заработи 100 до 250 евра за работа од четири часа.

