Девојка во Бразил загина откако ја фрлија на банџи без јажиња за заштита – падна од 40m висина, 6 осомничени се уапсени  

На социјалните мрежи викендов вирално се ширea снимки од моментот кога неколку работници фрлаат девојка од мост на 40 метри висина за да скока на банџи во Бразил, но на неа веројатно нема никакви заштитни јажиња – загинатата имала 21 година, осомничените веднаш се уапсени.

devojka-vo-brazil-zagina-otkako-ja-frlija-na-bandji-bez-jazhinja-za-zashtita-padna-od-40m-visina-6-osomnicheni-se-uapseni-01.jpg

Во последно време сè почесто сме сведоци на ситуации кои ни ја заледуваат крвта и нè тераат да се сомневаме во сите реквизити и забавни активности, кои се опасни по живот.

Деновиве вирално кружи снимка од страшна трагедија во Бразил поврзана со скокање на банџи.

На вознемирувачкото видео се гледа како неколку работници носат девојка до крајот на мостот „Скелетон“ во Сао Паоло и ја фрлаат надолу, но на неа нема прикачени никакви безбедносни јажиња.

devojka-vo-brazil-zagina-otkako-ja-frlija-na-bandji-bez-jazhinja-za-zashtita-padna-od-40m-visina-6-osomnicheni-se-uapseni-04.jpg

devojka-vo-brazil-zagina-otkako-ja-frlija-na-bandji-bez-jazhinja-za-zashtita-padna-od-40m-visina-6-osomnicheni-se-uapseni-.jpg

На девојката веднаш ѝ била укажана медицинска помош, но за жал им подлегнала на повредите и го загубила животот на лице место.

devojka-vo-brazil-zagina-otkako-ja-frlija-na-bandji-bez-jazhinja-za-zashtita-padna-od-40m-visina-6-osomnicheni-se-uapseni-03.jpg

Подоцна се откри дека станува збор за 21-годишната Мариа Едуарда Родригез де Фреитас, која работела во теретана, а неколку моменти пред фаталниот инцидент, споделила на Инстаграм дека ќе скока. 

Според пишувањата, на местото присутен бил и нејзиниот свршеник, на кој му се слошило откако посведочил на настанот, па медицинските екипи интервенирале.

devojka-vo-brazil-zagina-otkako-ja-frlija-na-bandji-bez-jazhinja-za-zashtita-padna-od-40m-visina-6-osomnicheni-se-uapseni-02.jpg

На едно од видеата дури и се слуша како некој од страна довикува и укажува на јажињата, според локалните медиуми.

Веднаш била спроведена истрага и 6 лица биле уапсени, а полицијата истражува дали оваа активност се спроведувала без соодветни дозволи и дали имало пропусти во сигурносните системи.

Во еден од извештаите наводно стои дека веројатно причина за трагедијата е тоа што не била соодветно приврзана на системот за безбедност. 

Локалните медиуми споделуваат и фотографии од профилот на Инстаграм кој наводно е на нејзината мајка, а таа објавува фотографии од загинатата девојка и пишува: „Тоа проклето јаже те зема од мене, каква чест беше што ме нарекуваш мајка“

На социјалните мрежи исто така се споделува и старо видео, кое ја покажува истата активност на истиот мост, но со соодветни заштитни јажиња и појаси. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Девојка од Лос Анџелес за 27.000 евра си купила куќа со 17 соби во бајковито гратче на Сицилија - ја... „Купив стара распадната куќа во мало сицилијанско село тоа ми донесе повеќе слоб...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава