Меланија Трамп „мрзне“ во балетанки, Кејт Мидлтон во чизми – двете дами сами на дружба: „Посреќна е во кралското семејство“
- Детали
- петок, 19 септември 2025
„Меланија изгледа многу посреќно тука, треба да си остане кај нив“, „Кејт успеа да ја насмее Меланија“ – пишуваат во коментари под фотките на кои Кејт Мидлтон и првата дама на САД за првпат сами се дружат, на настан со деца и уживаат. Сепак, изгледа Меланија не го предвидела студот во Британија...

Доналд и Меланија Трамп беа во посета на Англија, како гости на кралското семејство.
За време на раскошниот државен банкет во замокот Виндзор, семејствата имаа можност да се дружат, дамите да ги покажат своите стајлинзи, но и да се најдат во интересно непријатни ситуации.

По официјалниот настан, принцезата Кејт Мидлтон и првата дама Меланија Трамп, за првпат беа сами на заедничка дружба во кралска градина.
Таму тие заедно со повеќе дечиња извидници, на возраст од 4-6 години, учеа за природата и заедно правеа уметнички дела и рачни природни изработки.
На фотките и видеата од настанот, двете дами изгледаат како навистина да уживаат во меѓусебното дружење, но и во времето поминато со децата во интересни активности.

Кликнете на видеото:
Многумина под објавите дури и коментираат дека после долго време, Меланија изгледа среќно:
„Можеби Меланија треба да остане во Англија. Изгледа многу посреќно отколку кога ја гледам во САД“.
„Таа изгледа искрено среќно за првпат“.
„Принцезата Кетрин е толку магична што успеа и да ја насмее Меланија“.

„Лудо е што ја гледам Меланија како се смее искрено“.
„Меланија изгледа како друга личност овде. Среќна, релаксирана... ја немам видено ваква претходно“.

