„Направив операција за намалување на висината во Турција – беше болно, но конечно сум пониска“
- Детали
- четврток, 25 септември 2025
30-годишна Британка подлегнала на особено болна операција за намалување на висината, само за да биде 4 сантиметри пониска. За време на операцијата, хирурзите отстрануваат дел од коските, па ги спојуваат со метални шипки и закрепнувањето може да трае со месеци.

Сигурно досега сте слушнале дека постојат операции за издолжување на нозете со кои можете да си ја зголемите висината.
Иако е екстремно болна, некои луѓе сепак одлучуваат да отидат под нож за неколку сантиметри плус.
Но, знаевте ли дека постои операција и за намалување на висината?

За Daily Mail, 30-годишната Амбер Берингтон (чие вистинско име е скриено) го споделува своето искуство со ваквата операција.
Ја направила во Турција – земјата која веќе е популарна по низа хируршки интервенции.
Амбер не била премногу висока – 173 сантиметри – но ѝ пречело што била повисока од нејзините пријатели.
„Секогаш се чувствував како да се истакнувам, и не на добар начин. Очајно сакав да имам просечна висина, како моите пријатели“.

Низ годините, нејзината самодоверба продолжувала да се намалува.
„Ми се чинеше дека треба да се помирам со фактот дека никогаш нема да бидам среќна со мојата висина“.
Пред околу три години, налетала на клиника во Турција која нудела операција за намалување на висината.
И, нормално, операцијата е далеку од пријатна.
Трае од три до четири часа, а хирурзите отстрануваат дел од коските на двете нозе. Потоа ги спојуваат одделените коски со метална шипка.

Закрепнувањето може да трае со месеци и треба да помине навистина долг период за да се врати подвижноста во нозете.
Но, очајна да биде пониска, во јули 2023-та, Амбер отишла во Истанбул, а со операцијата ѝ скратиле 4,1 сантиметри.
„Знам дека за многу луѓе ова делува навистина екстремно. Но, висината е нешто што ми го оформи целиот живот.
Сега воопшто не мислам на тоа колку сум висока, и го сакав токму тоа“.

Според Daily Mail, Амбер е меѓу десет пациенти кои ја направиле операцијата во Турција. Поголем интерес имало за операција за издолжување – околу 80 пациенти годишно.
Прочитајте и: „Направив операција за издолжување на нозете – не можам да спијам од болка, но ќе бидам 10cm повисок“
Спирова С. | Црнобело