Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали
Каролина била родена во Варшава, а уште во тинејџерските години имала искривена перцепција за својот изглед и мислела дека е дебела.
На 18-годишна возраст се преселила во Лондон за да студира, и овде почнала да се интересира за јога, но и вегански начин на исхрана.
Брзо се адаптирала на веганизмот, но бидејќи јадела премалку, почнала многу да слабее.

Иако си го загрозувала здравјето, на Инстаграм постојано добивала комплименти за изгледот, па продолжила со рестриктивниот начин на исхрана.
Преку социјалните мрежи почнала да запознава други вегани, вклучувајќи и девојка која откри дека Каролина почнала да верува дека фрутаријанскиот начин на исхрана ќе ѝ помогне „да го прочисти телото“.
За време на втората година од студиите, Каролина почнала да јаде само сирова веганска храна и уште повеќе да слабее.
Според нејзината познаничка, стравувала дека може да умре, но била убедена дека овој начин на исхрана ќе ѝ помогне.

Бидејќи тежината на Каролина продолжила да се намалува, родителите ѝ наредиле да се врати дома, во Полска, каде што ја однеле во клиника за анорексија.
Во 2018-та, Каролина поминала неколку месеци на клиниката, но потоа повторно продолжила да јаде само сирова веганска храна.

Додека живеела со родителите, Каролина почнала мал онлајн бизнис со накит, а во меѓувреме станувала опседната со фрутаријанството.
Иако блиските ја предупредувале, на социјалните мрежи добивала комплименти за изгледот, па уште повеќе си ја ограничувала храната.

Во втората половина од 2024-та, Каролина отишла на Бали, во заедница која промовирала фрутаријанство.
Но, дури и луѓето кои биле таму изразиле загриженост за неа. Според инфлуенсер кој бил во заедницата, Каролина била преслаба и сигурно имала помалку 30 килограми кога пристигнала.

И покрај апелите на сите околу неа, Каролина одбивала медицинска помош и продолжила со својот начин на исхрана, за на крај да почине сама во хотелска соба.

Прочитајте и: Сите детали за трагичната приказна на инфлуенсерката што почина од неисхранетост, јадејќи само овошје
Спирова С. | Црнобело
