„Потрошив 100.000 долари на пластични операции, но сега го враќам природниот изглед – мислеа дека сум ескорт дама“
- Детали
- недела, 12 октомври 2025
Ријалити ѕвезда од Бразил станала зависна од пластични операции откако се преселила од САД, а ни самата не била свесна колку лошо изгледала. Откако луѓе на улица почнале да ја прашуваат дали е ескорт дама, решила дека е време да си го врати природниот изглед.

Лариса Лима е ријалити ѕвезда која признава дека станала зависна од пластични операции и процедури за разубавување.
Досега, 39-годишната Бразилка потрошила над 100.000 долари за целосно да си го промени изгледот.
Но, вели дека конечно сфатила дека претерала, па сега повторно се подлегнува на низа процедури со надеж дека ќе си го врати природниот изглед.

Лариса има ставено големи импланти во градите, има направено операција за зголемување на задникот, липосукција, операција на носот, филери во лицето и усните…
„Сакав сè да биде поголемо и поголемо бидејќи мислев дека тоа е подобро. И, никој не ми рече да престанам“.
Но, поради многу изразените облини и огромните усни, Лариса вели дека почнала да привлекува внимание на погрешни луѓе и некои дури мислеле дека е ескорт дама.
„Многу сакам да гледам фудбал, па кога се преселив во САД, почнав да одам на натпревари. Но, луѓето почнаа да зјапаат во моите гради и усни“.

Вели дека вештачкиот изглед почнал да ѝ пречи повеќе и повеќе, па решила да направи промена.
Најпрво, Лариса почнала со разградување на филерите – морал да отиде на дури 13 третмани за да можат да ги отстранат филерите од усните, образите вилицата и под очите.
„Сега сум многу посреќна и изгледам многу подобро“, вели таа.

Иако има уште филери за разградување, нејзината козметичарка ја советувала прво да направи пауза бидејќи е ризично.
Исто така, ги заменила силиконите со помали, а вели дека во иднина планира и целосно да ги отстрани.

Лариса беше дел од ријалити шоуто 90 Day Fiance и вели дека оттаму како да ја поттикнувале да го задржи вештачкиот изглед.
„Малкумина би ме советувале да престанам со процедурите. Но, дури и кога имав огромни гради, јас не прифаќав дека изгледам лошо“.
Лариса додава и дека планира да си го промени животот од корен. Почнала да вежба за да не се потпира на пластични операции, а сака и да се запише на факултет.