Викторија Бекам ја „соголи“ душата во документарец: „Ме мереа колку сум ослабела по раѓањето на Бруклин во емисија во живо“
Па затоа решив да ја контролирам тежината на нездрав начин.
А кога имате нарушување во исхраната, почнувате да лажете. Јас станав многу добра во тоа. Ги лажев сите.
Никогаш не зборував за тоа јавно, никогаш не им признав на родителите. А влијаеше на мене.
Но, кога ви велат дека не сте доволно добри, тоа ве ‘убива’. Претпоставувам, со мене е така целиот мој живот - да слушам дека не сум доволно добра“.

Викторија признала и дека еден од најголемите срамови ги доживеала на национална телевизија, кога на 25 години, неколку месеци откако го родила Бруклин, водителот извадил вага за таа да се измери дали ослабела и колку.
„Тогаш се смеев, зашто беше емисија во живо, но во реалноста, ме повреди многу“, признава таа.

Дури и мајка ѝ се сеќава на ситуација кога на Викторија ѝ рекле дека „е дебела и дека ќе стои позади за да не се гледа“ во една училишна претстава.
Викторија почнала да јаде многу малку и за кратко време станала анорексично слаба. Таа и денес е преслаба, но вели дека сега веќе не се прегладнува, туку дека живее здраво.

Во документарецот Викторија и Дејвид зборуваат и за нејзината модна куќа, која со години имаше загуба, а поради која, таа беше, исто така јавно исмевана.
„Дејвид вложи многу пари, ме вадеше од проблемите, бев со милиони во минус.
Секој ден пред да одам на работа плачев дома, зашто се чувствував како пожарникар кој се бори со оган.
А потоа си доаѓав дома кај сопругот и мојот бизнис партнер и му плачев за проблемите. И го мразев тоа, се мразев сама“, вели Викторија.

Дејвид, пак, ја раскажува својата страна од тој период од нивниот живот:
„Седнавме за да видиме колку вложив и изгубив во нејзиниот бизнис и ми се кршеше срцето кога ја гледав, зашто Викторија е горда жена.
Кога се запознавме, таа беше многу побогата од мене, дури ја купи и нашата прва куќа.
Па да дојде и да ми бара пари за бизнис кој пропаѓаше, беше тешко за неа.
Но и за мене, поради што еден ден ѝ реков дека веќе не можам да инвестирам“.

Погледнете ја видео најавата за документарецот на Викторија:
А. Ј. | Црнобело
