Викторија Бекам ја „соголи“ душата во документарец: „Ме мереа колку сум ослабела по раѓањето на Бруклин во емисија во живо“
- Детали
- четврток, 09 октомври 2025
„Не ми се допаѓаше тоа што го гледам во огледало. Дали сум дебела? Не сум доволно слаба? Кога ве исмејуваат за тежината, губите допир со реалноста. Ме критикуваа сите, па и јас почнав да се критикувам самата. Ме нарекуваа од „пош-прасе“ со „анорексична-пош“ и не можев да се носам со тоа“, вели во својата искрена исповед Викторија.

Вчеравечер во Лондон се одржа премиерата на документарниот филм за Викторија Бекам, фокусиран на нејзиниот живот од деновите со Spice Girlѕ, преку сопруга на Дејвид, до модна креаторка.
На црвениот тепих таа се појави во бел фустан со палто и црни сандали и блескаше покрај сопругот Дејвид, ќерката Харпер и синовите Ромео и Круз.

Но, и овој пат покрај неа не беше првородениот син Бруклин, кој веќе подолго време нема контакт со семејството.
„Повторно ја избра сопругата наместо мајка му“, коментираат во јавноста, откако Бруклин прави сè што ќе му каже сопругата Никола Пелц и се оддалечи од браќата, сестра си и родителите.

Од друга страна, Викторија го спомна синот во својот говор, заедно со другите деца и сопругот, велејќи дека ѝ се најголемата поддршка.
А таа доби огромна поддршка и од родителите, сестра ѝ со нејзините деца и сопругот, а меѓу гостите беа и родителите на Дејвид, Ева Лонгорија, Том Форд, како и поранешните Спајс-девојки Мел Ц, Ема Бантон и Џери Халивел.

Документарниот филм за Викторија е во продукција на Нетфликс и почнува да се прикажува од денес (09.10), а се состои од три епизоди.
Во една од нив, Викторија со многу емоции зборува за работите низ кои минувала поради својата тежина.

Таа, со глас кој трепери, призна дека уште додека одела во училиште ја нарекувале дебела и дека отсекогаш мачела мака со килограмите.
Но, откако станала дел од најпознатиот женски бенд, почнала да не јаде, да ги лаже дури и родителите дека јадела и вешто ги криела работите низ кои поминува.

„Се сомневав во себе, не ми се допаѓаше тоа што го гледам во огледало. Дали сум дебела? Не сум доволно слаба? Кога ве исмејуваат за тежината, губите допир со реалноста.
Ме критикуваа сите, па и јас почнав да се критикувам себеси. Ме нарекуваа секако, од „пош-прасе“ со „анорексична-пош“ и не можев да се носам со тоа.
Не можев да контролирам ни какви фотки се објавуваат или што се пишува за мене.

