Инфлуенсерка критикувана - го емитуваше своето породување во живо: „Толку ли си очајна за внимание?“
- Детали
- сабота, 11 октомври 2025
Инфлуенсерка од САД го емитуваше своето породување во живо, на платформата Twitch, па покрај честитките, доби и многу критики. Некои сметаат дека профилот треба да ѝ биде баниран, бидејќи на платформата има и деца.

Во ера кога бројот на инфлуенсери постојано расте, оние кои сакаат да привлечат внимание некогаш одат и до екстреми.
Некои прават ризични предизвици, некои прават невкусни шеги на туѓа сметка, некои лажат дека се многу богати…
30-годишна инфлуенсерка од Тексас отишла чекор подалеку и решила во живо да го емитува нејзиното породување.
Инфлуенсерката позната како Фенди е најактивна на платформата Twitch каде што прави стриминг додека игра видеоигри.
На бизарното видео, Фенди се породува во базен, опкружена со семејството и пријателите.
И, целиот настан беше емитуван во живо на платформата Twitch, а преносот траел околу осум часа.
Преносот го следеле над 50.000 корисници и иако очигледно привлекла внимание, Фенди се соочи и со критики.
Од една страна, следбениците ѝ честитаат за новороденчето, но од друга, коментираат дека отишла предалеку за гледаност и внимание.
„Навистина е лудо што го емитуваш породувањето. Колку внимание ти треба? Заштити си го детето додека самото може да одлучи дали сака да биде јавна личност“.
„Мене не ми е јасно како е дозволено да се емитува породување на платформа за гејминг“.
„Зарем на луѓето им треба толку внимание?“
„Некои луѓе немаат достоинство“.
„Се надевам дека ќе ѝ го банираат профилот – на Twitch има и деца“.
По лавината негативни реакции, инфлуенсерката сподели фотографија од неа и партнерот по породувањето, со долг опис во кој вели дека не го емитувала породувањето за пари.
„Морам да се огласам за неколку работи. Има безброј породувања кои се документирани. Ова не е ништо поразлично, само беше со пренос во живо, што во целост го покажа процесот на породување – заедно со грдите и не толку пријатните делови…
Второ, не го направив ова за пари“, пишува Фенди, меѓу другото.
Во коментари на објавата, повеќето ѝ честитаат на инфлуенсерката, но има и по некоја критика.
Спирова С. | Црнобело