17-годишниот син го терал да убие човек, го носи епитетот најсуровиот мафијаш во Италија - Кој е Салваторе Тото Рина?

Кога неговиот син имал 17 години го принудил да задави маж, 2 години го држел во заложништво и измачувал малолетниот син на поранешен соработник, зашто таткото станал соработник на полицијата. Бил на врвот на Коза Ностра, но „паднал“ поради сопствената бруталност. Сепак, Салваторе Тото Рина и денес го носи епитетот најсуровиот мафијаш во Италија.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-01.jpg

Салваторе Тото Рина е озлогласен водач на сицилијанската мафија и еден од најбруталните криминалци во италијанската историја.

Неговото име е синоним за терор, крв и страв што со години ја парализирале не само Сицилија, туку и цела Италија.

Роден во 1930 година во малото гратче Корлеоне, добро познато „легло“ на мафијашки активности. Без татко останал многу млад, па на себе ја презел улогата на хранител на семејството.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-02.jpg

На 19 години убил маж, а шесте години поминати во затвор не го одвратиле од криминал, напротив, по излегувањето застанал покрај тогашниот водач на кланот, Лучијано Леџио, и заедно со Бернардо Провенцано учествувал во насилното преземање контрола врз Коза Ностра.

Кога Леџио бил уапсен во 1974 година, Рина ја презел водечката улога во мафијашката фамилија и почнал крвава пресметка со ривалите.

Во годините што следеле, ликвидирал неколку ривалски мафијашки семејства, па ја консолидирал власта и се стекнал со титулата capo dei capi, што значи „шеф на сите шефови“.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-06.jpg

Во меѓувреме го добил прекарот La Belva, односно Ѕверот, а го користеле и неговите следбеници и непријателите.

Причината за ова е што не покажувал слабост и милост ни за жените и децата.

Еден од најсуровите примери за неговата нечовечност е случајот со Џузепе ди Матео, 13-годишен син на мафијаш кој станал сведок и соработник на полицијата.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-11.jpg

За да се одмаздат на татко му, момчето било киднапирано, мачено и по 779 дена заробеништво, задавено и фрлено во киселина за да му се раствори телото.

Тоа била и порака за сите оние кои дури и помислувале да соработуваат со полицијата, а против него.

Се верува дека Рина директно или индиректно наредил убиство на над 150 луѓе, иако многу поранешни соработници му припишуваат и до 400 жртви.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg