17-годишниот син го терал да убие човек, го носи епитетот најсуровиот мафијаш во Италија - Кој е Салваторе Тото Рина?

Меѓу работите кои се пишуваат за него е и дека Рина го принудил својот најстар син на 17 години да задави човек.

Врвот на крвавите активности на Рина се случил во раните деведесетти, кога Коза Ностра почнала отворена војна против Италија.

Двајца од најистакнатите судии во борбата против мафијата, Џовани Фалконе и Паоло Борселино, биле брутално убиени во рок од 2 месеца, во експлозии и предизвикале национална тага и гнев.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-08.jpg

По тие атентати, Рина наредил и серија бомбашки напади во Фиренца, Милано и Рим во 1993 година, при што биле убиени неколку цивили.

Овие злосторства предизвикале силна реакција на јавноста, по што државата решила конечно да стави крај на Коза Ностра.

По повеќе од две децении криење, Рина конечно бил уапсен на 15 јануари 1993 година во Палермо.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-12.jpg

Неговото апсење се должело на низа грешки и разузнавачки податоци, а во моментот кога го изнесувале од полициската зграда, е обележан со силен аплауз од собраните граѓани.

Набрзо бил осуден на неколку затворски казни за доживотна робија, првенствено за атентатите на Фалконе и Борселино, но и за многу други убиства.

Тој бил ставен и под специјалниот затворски режим, познат како 41-бис, што подразбира речиси целосна изолација.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-07.jpg

И покрај бројните болести: рак на бубрезите, Паркинсонова болест, проблеми со срцето, Рина останал во затвор до смртта.

Судот ги отфрлил молбите на неговото семејство да му дозволи да почине дома.

Рина починал на 17 ноември 2017 година, еден ден по неговиот 87-ми роденден, во затворската болница во Парма.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-03.jpg

Неговата смрт означи крај на ерата на доминација на мафијата во Италија.

Неговото водство, пак, беше обележано со невидена суровост, а поради неговата стратегија на терор, ја сврте не само државата, туку и италијанската јавност против мафијата, што придонесе за нејзино слабеење.

Мафијата во Италија и денес постои, а Тото Рина ќе остане запаметен како човекот кој ја претвори Коза Ностра во крвава машина за убивање, без правила.

17-godishniot-sin-go-teral-da-ubie-chovek-go-nosi-epitetot-najsuroviot-mafijash-vo-italija-koj-e-salvatore-toto-rina-09.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg