Има 11 сопруги, троши милиони, а неговиот народ гладува: Кој е африканскиот крал што се споделува вирално?
- Детали
- понеделник, 13 октомври 2025
Кралот на Свазиленд има 11 сопруги и над 20 деца, а честопати е критикуван дека се расфрла со пари додека неговата земја гладува и се соочува со епидемија со ХИВ. Татко му, пак, имал дури 70 сопруги од кои добил 210 деца.

Деновиве вирално се споделува видео од Мсвати III, кралот на африканската држава Свазиленд (позната и како Есватини).
Видеото е снимено во 2022 година, кога кралот пристигнува во Абу Даби со приватен авион.
Иако видеото е постаро, сега почна да привлекува внимание поради раскошниот начин на живот на кралот.
Уште повеќе внимание привлекува фактот што кралот има неколку сопруги и 20 деца. Според некои извори, тој пристигнал во Абу Даби со целото семејство, но и со уште 100-тина слуги.
На видеото, кралот излегува од авионот во традиционална облека од неговата земја, а покрај него има и неколку елегантно облечени жени, од кои две веројатно се стјуардеси.
Иако во видеото е наведено дека има 15 сопруги, некои извори тврдат дека бројот е помал – се претпоставува дека тој има 11 сопруги, од кои првите две биле избрани од неговите советници.
Но, многуте сопруги (и деца) се можеби најмалата контроверзија поврзана со кралот.
Кралот многупати е критикуван за прекршување на човековите права, како и користење измачување и насилство за да го контролира својот народ.
Обвинет е и за дискриминирање на одредени групи во неговото кралство, за ограничување на слободата на говор, па дури и за киднапирање на жени со кои наводно сакал да стапи во брак.
Моментално Свазиленд се соочува со епидемија на ХИВ и СИДА, а кралот има контроверзен став и за ова – во 2000 година, наводно предложил сите ХИВ позитивни луѓе да бидат стерилизирани и жигосани.
Кралот критикуван и за неговото неразумно трошење, додека поголемиот дел од неговиот народ гладува.
Секоја година кралот трошел милиони долари од државните пари за да го финансира својот раскошен живот.
Поседувал автомобил кој чини 500.000 долари, а откако бил критикуван што го купил, забранил да го фотографираат.
Исто така, потрошил околу 15 милиони долари од државните пари за реновира три кралски палати, но и да изгради нови за неговите сопруги.
Во 2008 година, во Свазиленд имаше и протест откако кралот и неговите сопруги отишле на раскошен шопинг и потрошиле милиони од државната каса.
Кралот поседувал колекција скапи часовници која се проценува на неколку милиони долари.
Неговото богатство, пак, се претпоставува дека изнесува повеќе од 200 милиони долари.
Неговиот татко, претходниот крал на Свазиленд, можеби бил подобар владетел, но и тој ќе остане запомнет по многуте сопруги – дури 70, од кои добил 210 деца.
Спирова С. | Црнобело
