Kој е трансродовиот модел што втора година по ред се појави на шоуто на Victoria’s Secret? (фото)
- Детали
- сабота, 18 октомври 2025
Од мала носела женска облека, а почнала да гради кариера од само 12-годишна возраст, на значајна ревија дебитирала во 2021 за Tom Ford. Уште во пубертет почнала со хормонска терапија.

Алекс Консани (22) од САД е трансродов модел кој во 2024-та година го имаше своето деби на модната писта на Victoria’s Secret шоуто, а годинава повторно ги стави препознатливите „ангелски крилја“ и се појави и на годинешниот настан..
Овој пат се појави во впечатлив црвен стајлинг со танга под панталоните, соодветен градник и сјајни металик крилја.


Во 2024 година, пак, Консани привлече внимание со комбинација од светкав градник и гаќички украсени со сребрен синџир.
Носеше и комплет од меки крилја што се влечеа по подот.


Пред годинашното шоу, Консани позираше и на промотивна фотосесија со неколку од нејзините колешки модели, меѓу кои и Адријана Лима.

Инаку за магазинот „Harper’s Bazaar“ во април годинава, моделот отворено зборуваше за тешкотиите со кои се соочила како транс жена и како успеала да ги надмине.

Нејзината изјава гласи:
„Сакам да сум на улица. Сакам да правам што е можно повеќе. Јавно зборувам за тоа во што верувам и тоа ми дава надеж.

Пораснав онлајн. На интернет сум од осум или девет години, така што отсекогаш сум добивала омраза и отсекогаш сум знаела дека тоа доаѓа од место на самоoмраза – затоа што никој не си го троши времето за на интернет да зборува лошо за некој, освен ако нема омраза во себе.
