Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила поради него
Гели била примена на Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен. Но, таа повеќе уживала во животот во домот на својот чичко отколку во студиите.
Секогаш била уредно дотерана и насмеана, и не поставувала никакви прашања - таа била само внука и студентка.
Но, кога сфатила дека поради растечката популарност на Хитлер, жените му обрнуваат сè повеќе внимание, почнала да станува љубоморна.
Не ѝ се допаѓало ни тоа што можела да троши пари за убави фустани, што имала автомобил со возач зашто секој нејзин чекор морал да го одобри нејзиниот чичко.
Од досада, Гели почнала да флертува со возачот кој ѝ предложил брак, но брзо потоа бил отпуштен.
Лута, му се заканила на Хитлер дека напушта универзитетот, но останала.
На 18 септември 1931 година, тие ја имале последната расправија. Гели побарала да оди во Виена, но фирерот одбил.
Тој отишол во Нирнберг на политички митинг и само неколку часа подоцна дознал дека Гели се самоубила.
„По нејзината смрт, Хитлер исчезна три дена и три ноќи“, тврдат очевидци од тоа време.
Со Гели Раубал
Тие пробале да му најдат соодветна замена за Гели.
Многу кратко време негова сопруга била пејачката Гретл Слезак. Потоа, имал кратка афера со актерката и режисерка Лени Рифенштал.
На листата негови љубовници е и Марија Рајтер, а била толку опседната со Хитлер што се обидела да ја имитира Гели Раубал.
Иако се мажела двапати, Марија ја користела секоја можност повторно да го види фирерот.
Хитлер и Марија Рајтер
Но, уште додека бил покрај Гели, во животот на Хитлер се појавила Ева Браун, ќерка на учителка од Минхен.
Се запознале во октомври 1929 година и таа веднаш почувствувала привлечост кој Хитлер.
Ева станала и кошмар за Гели - таа знаела дека Адолф ја води во кино и ресторани, а на Ева ѝ било дозволено тоа што на Гели ѝ било забрането да го покажува - интимноста меѓу нив.
Ева сакала да му угоди на фирерот иако била добро свесна за постоењето на Гели, па продолжила да го прифаќа додворувањето на Хитлер.
Откако Гели починала, Ева се преселила во селската вила на Хитлер, но Ангела побарала од неа да ја напушти вилата, сметајќи дека Ева е индиректно одговорна за она што се случило со нејзината ќерка.
Ева барала Хитлер да се ожени за неа, зашто знаела какво влијание има врз жените, кои врескале од радост кога ќе го видат, но тој одбил, добро знаејќи дека тоа ќе му наштети на популарноста.
Ева ја постигнала својата цел на последниот ден од својот живот, кога бракот веќе не значел ништо.
На 29 април 1945 година, Ева Браун и Адолф Хитлер се венчаа, а утрото на 30 април се прошири веста дека Хитлер и неговата сопруга се мртви.
Со Ева Браун
Но, дури и додека бил во врска со Ева, Хитлер не бил верен, напротив, често барал нови љубовници.
Јунит Митфорд, ќерката на лорд Ридсдејл, се преселила во Германија затоа што со ентузијазам ги споделувала неговите идеи.
Се верува дека нивната врска траела помеѓу 1935 и 1939 година, но почетокот на војната ставил крај на нивната афера.
Јуни не можела да се помири со фактот дека нејзиното семејство е на едната страна, а Хитлер на другата, па на 3 септември 1939 година пробала да се убие, но сепак преживеала.
Подоцна се појавиле гласини дека родила вонбрачно дете на Хитлер во Англија, но за ова не постои никаква потврда.
Адолф и Јунит
А. Ј. | Црнобело
