Зимска бајка во Исланд среде октомври – падна 27cm снег, децата се лулаат, поларната светлина е магична (видео)  

Куќите и дрвјата се затрупани во снежна покривка, децата се лулаат на игралишта иако снегот им е до колена, се санкаат, а на небото силно свети поларната светлина во најубавите бои - Рејкјавик во Исланд се претвори во магична и зимска бајка среде октомври, откако напаѓаа рекордни 27cm снег. 

zimska-bajka-vo-rejkjavik-srede-oktomvri-padna-30cm-sneg-decata-se-lulaat-polarnata-svetlina-e-magichna-video-1.jpg

Во Рејкјавик, Исланд вчера (28 октомври) падна првиот снег сезонава, а досега, локалците никогаш не виделе повеќе снег во октомври.

Во текот на денот паднале рекордни 30cm снег, со што градот се претвори во зимска бајка среде есен, но дури и надлежните биле неподготвени за временските услови, па ги предупредуваат граѓаните да бидат внимателни при возењето и движењето. 

Куќите, автомобилите и дрвјата се затрупани со снег, сообраќајот е отежнат, но сепак многумина знаат како да уживаат во оваа идила.

zimska-bajka-vo-rejkjavik-srede-oktomvri-padna-30cm-sneg-decata-se-lulaat-polarnata-svetlina-e-magichna-video-02.jpgфото извор

Фотограф од Исланд објави видео во кое ги покажува убавините наоколу, додека неговиот град е под снежна покривка.

Децата шетаат по улици покриени со снег, се лулаат на лулки иако има снег речиси до нивните колена, се санкаат по улиците, а белите дрвја создаваат магична атмосфера...

zimska-bajka-vo-rejkjavik-srede-oktomvri-padna-30cm-sneg-decata-se-lulaat-polarnata-svetlina-e-magichna-video-04.jpg

„Не знам за вас, ама јас сум превозбуден. Подготвени сте за зима?“ – стои во описот.

А, како јаготка на шлагот, истиот ден тој објави ново видео на кое се гледа прекрасната поларна светлина која го направи Рејкјавик уште помагичен.

„Вечерва ја имаме најубавата поларна светлина која сум ја видел, јасно се гледа од градот и пулсира низ небото.

По рекордното ниво на снег што напаѓа, Исланд има уште што да понуди!“ – напиша тој во описот.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
Непријатна сцена: На мисица ѝ испаднаа забните навлаки среде обраќање на сцена (видео) Кога ќе ти се случи најлошото можно сценарио, но ти ќе се справиш како кралица.....
Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на к... Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и то...
„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...
„Бев на 8 патувања во една година, сама без сопругот и децата“ „Не ми треба дозвола од сопругот за да резервирам соло патување, бидејќи знае де...
Бизарна сцена: Италијански водител среде емисија во живо лиже стапало на гостинка (видео) Италијански водител приреди бизарна сцена со една од најпознатите инфлуенсерки в...

Најчитани неделава