Непријатна сцена: На мисица ѝ испаднаа забните навлаки среде обраќање на сцена (видео)
- Детали
- петок, 27 март 2026
Кога ќе ти се случи најлошото можно сценарио, но ти ќе се справиш како кралица... Мисица на тајландски избор за убавина среде хорор сценарио.

На социјалните мрежи вирално кружи видео од квалификациониот натпревар за Miss Grand Thailand, каде една од учесничките доживеа несекојдневна незгода.
На Камолван Чанагo, додека ја изведуваше својата презентација на модната писта, привремените забни навлаки одеднаш ѝ се одлепија.

Но, таа брзо ја врати својата смиреност, ги фати забните навлаки, се сврте и ги врати на место.
Потоа се сврте кон публиката, се насмевна и продолжи со дефилето.
Во текот на целата изведба, Чанагo ја одржуваше насмевката и зрачеше со самодоверба.

Нејзината храброст предизвика громогласен аплауз од публиката, поттикнувајќи ја да ја заврши рутината со достоинство и да се насмее и за камерата.
Инцидентот стана вирален и додека некои корисници на интернет се пошегуваа за моментот, голем дел ја пофалија нејзината смиреност.
Финалето на Miss Grand Thailand е закажано за сабота, а победничката ќе го претставува Тајланд на Miss Grand International 2026 во Индија.
Погледнете ја случката:
С. С. | Црнобело
