Соња Реј падна од сцена, актерите непрепознатливи – „Млади бунтовници“ се собраа на концерт на Erreway по 20 години (видео)

Одглумија мини сцена како Соња Реј и Марица во кавга, додека ја пееја „Resistire“ се појавија голем број од актерите кои глумеа во „Млади бунтовници“ кои веќе се остарени и непрепознатливи, но предизвикаа солзи во очи – носталгични моменти на концертот на Erreway во Аргентина.

sonja-rej-padna-od-scena-akterite-neprepoznatlivi-mladi-buntovnici-se-sobraa-na-koncert-na-erreway-po-20-godini-01.jpg

Бендот „Еrreway“ од тинејџерската хит серија „Млади бунтовници“ летово направи бум со својата светска турнеја – салите на нивните концерти се преполни, а луѓето си одат со тон емоции.

Во составот се Камила, Бенхамин и Фелипе, кои ги глумеа Марица, Пабло и Мануел, а пак, Луисана Лопилато (Миа Колучи), заради други ангажмани не им се придружи на овој проект, иако на концертите прикажуваат видео порака снимена од неа.

Но, иако сите концерти се носталгични и спектакуларни, сепак последниот, кој се случи на 16-ти септември во Буенос Аирес, ќе остане најзапомнет.

Прочитајте и Никола од Охрид беше сам на концерт на Erreway: „Ми се оствари сонот да ги видам бунтовниците, публиката врескаше без престан“

Додека бендот ја изведуваше познатата „Resistire“, на сцената се појави актерката која ја глумеше Фели, а по неа и многу други, меѓу кои Вико, Пилар, Томас, Гвидо, Лаура, Луна, Лухан и уште неколку други, а од глетката им се насолзуваат очи на вистинските фанови кои го чекаа ова обединување.

Кликнете на видеото:

„Ви благодариме што ни се придруживте на ова обединување што го чекавме толку долго. Беше неверојатна вечер, полна со емоции и носталгија.

Мало парче историја кое блесна повторно. Забавата продолжува...“ – напишаа од бендот во описот на објавата со фотки од концертот.

Освен што се појавија дел од учениците во Elite Way School, на овој концерт им се придружија и татковци, една легендарна мајка и еден професор.

На сцената со Камила беше актерот кој го глумеше Франко Колучи, таткото на Миа, кратка сцена имаше и помеѓу Бенхамин и актерот кој го глумеше неговиот татко Серхио Бустаманте, сите тројца беа покрај актерот кој ја имаше улогата на нивниот професор Сантијаго, а секако ова не би поминало без легендарната Кетрин Фулоп, односно Соња Реј, мајката на Марица.

Погледнете видео со кратки инсерти од сите нив: 

Камила и Кетрин накратко одглумеа сцена, во нивен фазон, како кога Соња Реј панично ја бара својата ќерка, а благодарение на својата трапавост, паѓа од бина, што Марица сосема го очекува од неа.

Погледнете видео од сцената: 

Повеќе видеа и фотки од концертот:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...
Камила ја презирала Кејт Мидлтон – сметала дека е многу „обична“ за Вилијам, ја понижила пред свадба... „Камила цврсто стоеше на ставот дека идниот крал на Англија треба да се венча со...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...
На 2 години беше оставен да умре, денес го викаат „малиот Пикасо“ - Се сеќавате ли на момчето спасен... „Кога го видовме, мирисаше на смрт. Бев сигурна дека ќе ми почине во раце. Но, с...
Почина „заспаниот принц“ од Саудиска Арабија: Помина 20 години во кома, по сообраќајка По две децении во кома, 36-годишниот Ал-Валид од Саудиска Арабија, попознат како...

Најчитани неделава