Бизарна сцена: Италијански водител среде емисија во живо лиже стапало на гостинка (видео)
- Детали
- четврток, 23 април 2026
Италијански водител приреди бизарна сцена со една од најпознатите инфлуенсерки во Италија. Пиеше дури и вода од нејзиното стапало, среде емисија.

Амедео Грико е италијански комичар, актер и телевизиски водител и познат е како дел од комичарското дуо „Pio e Amedeo“.
Дуото станало популарно со својот специфичен стил на хумор, кој често е провокативен, директен и понекогаш контроверзен.
Најголем успех постигнале со телевизиската емисија Emigratis, каде патуваат низ светот и прават необични и често непријатни шеги со познати личности. Освен тоа, Амедео е дел и од други ТВ проекти во Италија.
Неговиот хумор не е за секого, бидејќи често оди „на граница“, но токму тоа го прави препознатлив кај публиката.

Сега, тој среде емисија ѝ го лижеше стапалото на својата гостинка Марија Белен Родригез. А потоа и пиеше вода од него.

Марија Белен Родригез е аргентинско-италијанска манекенка, ТВ водителка и инфлуенсерка.

Родена е во Буенос Аирес, Аргентина, а подоцна се преселила во Италија каде станала многу позната.

Таа е една од најпознатите инфлуенсерки во Италија, со повеќе од 10 милиони следбеници.

Кликнете на видеото, кое вирално се споделува низ регионалните и светските медиуми:
С. С. | Црнобело