Бизарно: Девојка лажирала бременост, па користела реалистична кукла и AI видеа за да личи на вистинско бебе
- Детали
- петок, 31 октомври 2025
Девојка од Шкотска лажирала цела бременост, а направила и прослава за откривање на полот. Откако се „породила“, користела реалистична кукла која ја претставувала како нејзино бебе. На измамата паднале и нејзини блиски пријатели, па дури и мајка ѝ.

Еден од побизарните случаи од периодов е оној со млада девојка од Шкотска која не само што си ја лажирала бременоста, туку извесен период ги лажела блиските дека навистина е мајка.
Кира Каузинс која има 25 години (во некои извори 22) носела лажен труднички стомак, па дури направила и прослава за откривање на полот на лажното дете.
На Инстаграм, пак, редовно споделувала фотки од трудничкиот стомак, но и снимки од ехо.
Нејзините пријатели, како и мајка ѝ и дечко ѝ биле уверени дека бремена, а почнале да ѝ купуваат и подароци за детето.
Кира лажела дека се породила на 10-ти октомври, а потоа користела реалистична кукла позната како Reborn која ја претставувала како нејзина ќерка.
Девојката успешно ги мамела сите блиски така што не им дозволувала да го допираат „бебето“, лажејќи дека има проблеми со здравјето.
На Инстаграм објавувала фотки од куклата, а користела и вештачка интелигенција за да направи видеа на кои куклата изгледа како да мрда.
Бидејќи нејзините блиски биле пресреќни што Кира е мајка, ништо не им било сомнително. Сметале дека таа е само премногу заштитнички настроена кон бебето и затоа не дозволувала никој да го држи во раце.
Reborn куклите се скапи – над 2.000 долари – бидејќи премногу личат на вистински бебиња, а може да им се менуваат и изразите на лицето.
Па, во голема мера, и ова ѝ било од помош.
Но, измамата се разоткрила кога нејзината мајка ја нашла куклата.
И самата Кира дотогаш сакала да ја прекине измамата, па на „таткото“ на бебето му кажала дека починало.