Бизарно: Девојка лажирала бременост, па користела реалистична кукла и AI видеа за да личи на вистинско бебе
Приказната се прошири вирално, откако пријателки на Кира ја споделија онлајн.
Една од пријателките дури и одела во продавници за детска облека со Кира, мислејќи дека купуваат за вистинско бебе.
„Се чувствувам ужасно бидејќи и јас сум една од ние кои го видоа ’бебето‘ во живо. Се чувствувам искористено. Успеа сите да нè измами“, раскажува една од нив за The Sun.
По откривањето на измамата, Кира се соочила со многу погрдни коментари онлајн и наводно веќе ја напуштила куќата каде што живеела.
„Ја немаме видено со денови. Сите само чекаме да ни ги одговори прашањата, како зошто би направила нешто такво. Очигледно, на Кира сериозно ѝ треба помош.
Мајка ѝ е разочарана и мислам дека не зборуваат. Кира е едно дете, па за мајка ѝ ова беше како прво ’внуче‘. Ситуацијата е многу тажна и луѓето се загрижени за неа“, вели пријател на Кира.
Наводно, сега и полицијата трагала по девојката, а некои веруваат дека Кира можеби била бремена, но го изгубила бебето, па измамата бил нејзин начин да се справи со болката.
Инаку, куклите Reborn првично беа рекламирани како терапевтски за луѓе кои се борат со неплодност, луѓе кои изгубиле бебе, луѓе со деменција и слично.
Но, некои луѓе, како Кира, одат и до екстреми со нив и лажно ги претставуваат како свои деца.
Прочитајте и: „Чувам кукли кои личат на бебиња, како Бритни Спирс – и мене ме исмејуваат, но сакам да се грижам за нив“
Спирова С. | Црнобело