Со педофилот Џефри Епстин силувал малолетнички, го избркаа од семејството: Пропаста на братот на кралот Чарлс
Ендру проба да си ја спаси репутацијата со интервју
По смртта на Џефри, кон крајот на 2019 година, Ендру сними интервју со BBC во кое пробува да ја докаже својата вина.
Тој вели дека невозможно е да ја силувал Вирџинија, бидејќи тој ден ја носел ќерка му Беатрис на роденденски ручек.
Ендру тврдеше и дека воопшто не ни знае која е Вирџинија и дека не се сеќава дека некогаш ја сретнал.
На крај, беше дециден дека фотографијата од него и Вирџинија не е никаков доказ.
„Никој не може да докаже дали фотографијата е лажна или не, но јас не се сеќавам дека некогаш била направена“.
Најпрво беше ослободен од кралските должности
По катастрофалното интервју, кралицата Елизабета, која тогаш уште беше жива, реши да му ги одземе сите кралски должности на Ендру.
Тој, пак, изјави дека има целосна соработка со надлежните додека трае истрагата за Епстин.
Бидејќи веќе немаше кралски должности, Ендру го загуби и правото да добива пари од државата.
Па, продолжи да живее со финансиска помош од кралицата и членови на семејството, како и од парите од неговите скромни инвестиции.
Ѝ исплати 12 милиони на Вирџинија Гифре
Вирџинија Гифре имаше поднесено тужба против Ендру, а на почетокот од 2022-ра тој безуспешно се обиде да ја отфрли.
Иако продолжи да негира вина, истата година ѝ исплати 12 милиони долари на жртвата.
Набрзо потоа, Гислејн Максвел беше осудена на 20 години затвор за секс трафикинг на малолетни девојки.
Ендру почна да се соочува и со финансиски проблеми
Со намалениот приход, на Ендру почна да му станува тешко да ја одржува кралската резиденција во која живееше.
Поради ова, во 2023-та, кралот Чарлс му дал услов – да докаже дека може да ја одржува огромната куќа и големиот имот, во спротивно ќе биде избркан од таму.
Но, во 2024 година почна да се шпекулира дека кралот престанал да му ги дава парите што му ги имаше назначено кралицата Елизабета.
Па, на Ендру му било уше потешко да ја одржува куќата.
Истиот период се јавија и други обвиненија против него, од кои дел вклучуваа сексуално вознемирување.
Кралот Чарлс почна да му се заканува за кралската резиденција
Во мај 2024-та беа објавени фотографии на кои се гледаше дека кралската резиденција е запуштена.
Бидејќи ова е градба со историска вредност, Ендру е обврзан со договор да ја одржува.
Поради намалените приходи, за него ова било невозможно, па Чарлс почнал да му се заканува дека ќе го избрка оттаму.
Ако ја изгуби куќата, тоа ќе значеше дека ќе го изгуби и кралското обезбедување, па и покривањето на дел од трошоците за живот што му ги плаќала палатата.
Му забранија да слави Божиќ со кралското семејство
Во декември минатата година, беше соопштено дека Ендру нема да присуствува на прославата за Божиќ
Со ова стана јасно дека кралот Чарлс постепено пробува да прекине секаков однос со него.
Пред неколку месеци, Вирџинија изврши самоубиство
Во април 2025-та, Вирџинија изврши самоубиство во нејзиниот дом во Австралија. Но, дотогаш ги имала напишано мемоарите кои ќе го сменат целиот наратив.
Во септември годинава се дозна дека и Ендру, и неговата бивша сопруга Сара останале во контакт со Џефри Епстин подолго отколку што тврдеа.
Потресните мемоари на Вирџинија, пак, повторно го вперија прстот кон Ендру.
Кралското семејство почна да го притиска да ја напушти кралската резиденција, за на 30-ти октомври, кралот да му ги одземе сите титули.
Спирова С. | Црнобело
