Со педофилот Џефри Епстин силувал малолетнички, го избркаа од семејството: Пропаста на братот на кралот Чарлс
- Детали
- петок, 31 октомври 2025
Во потресни мемоари издадени постхумно, една од многуте жртви на Џефри Епстин детално ги опишува траумите што ги преживеала од педофилот, но и брат му на кралот Чарлс – Ендру. Сега кралот му ги одзеде титулите и го избрка од кралската резиденција, иако тој тврди дека е невин.

Братот на кралот Чарлс, Ендру, ја изгуби титулата „принц“, а ќе треба да ја напушти и кралската резиденција каде што живееше.
Сето ова е резултат на обвиненијата за силување против него, поврзани со педофилот Џефри Епстин.
Иако Ендру мислеше дека се извлечи од скандалот, една од неговите жртви напиша мемоари во кои открива потресни детали за сексуалното насилство што го трпела од страна на Џефри Епстин, но и поранешниот принц.
Девојката, Вирџинија Гифре, за жал, изврши самоубиство, а нејзините мемоари беа издадени постхумно годинава.
По бурните реакции на јавноста, на 30-ти октомври, кралот Чарлс официјално изјави дека Ендру ги губи сите титули и сега ќе биде познат само како Ендру Маунтбатен Виндзор.
„Кралското семејство сака да разјасни дека нивните мисли и сочувство се и ќе останат насочени кон жртвите и луѓето кои преживеале секаков тип насилство“, стои во изјавата.
Ендру има две ќерки со поранешната сопруга Сара Фергусон, принцезите Беатрис и Јуџин.
Тие ќе ги задржат своите титули, а извори блиски до кралското семејство велат дека Чарлс сака да ги заштити од нивниот татко и неговите скандали.
Како се случи пропаста на поранешниот принц?
Го запознал Џефри Епстин во 1999 година
Ендру бил пријател со Гислејн Максвел – жената која му беше девојка на Џефри Епстин и му помагаше да ја развие неговата педофилска мрежа. Преку неа, Ендру го запознал Џефри.
Очигледно брзо се зближиле, бидејќи веќе во 2000 година, Џефри и Гислејн почнале да одат на забави во замокот Виндзор.
Вирџинија, девојката што ги напиша мемоарите, била само тинејџерска кога Ендру првпат ја силувал.
Според нејзините изјави, потоа ја силувал уште двапати – еднаш во домот на Џефри во Њујорк и еднаш за време на секс забава на која била присилена да учествува.
Сепак, тој го негира ова.
Во 2008 година е поднесена тужба против неговиот пријател Џефри
Во 2008 година, Џефри Епстин беше обвинет за присилна проституција, а жртвата имала само 14 години.
Тој призна вина, а потоа детективите успеале да идентификуваат уште 36 други малолетни девојки кои биле негови жртви.
Но, користејќи ја својата моќ, Џефри успеал да направи спогодба и помина само 13 месеци во затвор.
Ендру продолжи да се дружи со Џефри и беа фотографирани заедно речиси веднаш откако тој беше пуштен на слобода.
Во 2011-та е објавена фотографија од Ендру и Вирџинија Гифре
Фотографијата со Ендру и Вирџинија е многу добро позната, а првпат беше објавена во 2011 година.
На фотографијата, се гледа 17-годишанта Вирџинија и Ендру како ја држи за половината. Во заднина се гледа и Гислејн.
Според Вирџинија, фотографијата била направена во 2001 година, кога Ендру првпат ја силувал.
И Сара Фергусон, бившата сопруга на Ендру, се вплеткала со педофилот
Бившата сопруга на Ендру, Сара Фергусон, призна дека зела пари од Џефри Епстин за да исплати долгови.
Првично таа негираше каква било поврзаност со педофилот.
Кралската палата ги негираше првичните обвиненија против Ендру
Во 2015 година, беа објавени документи во кои е наведено дека Вирџинија Гифре била присилена да има секс со Ендру на 17-годишна возраст.
Овој период пошироката јавност дозна за островот на Џефри и одвратните работи што се случувале таму.
Но, Ендру, па и кралската палата ги негираа обвиненијата.
До 2019 година, Џефри Епстин беше во затвор за многуте обвиненија, а тоа лето изврши самоубиство.
