Меланија Трамп во елегантно издание ја пречека новогодишната елка во Белата куќа (фото)
- Детали
- вторник, 25 ноември 2025
Со пречекот на новогодишната елка, во САД започна сезоната на празнични настани организирани од страна на претседателското семејство. Наскоро Меланија треба да открие и како ја украсила Белата куќа – нешто за што беше критикувана во претходниот мандат на Трамп.

Традиционално, првата дама на САД ја пречекува новогодишната елка во Белата куќа, а годинава таа чест (повторно) ѝ припадна на Меланија Трамп.
55-годишната Меланија ја пречека елката вчера (24.11), а за пригодата избра елегантен бел капут во комбинација со кожени ракавици и штикли.
Елката пристигна во голема зелена кочија, а Меланија гордо позираше со неа пред да ја „провери“.
За празничната сезона, во Белата куќа обично се украсуваат многу елки, но елката што ја пречека Меланија ќе биде изложена во таканаречената Сина соба која се користи за пречеци и помали свечени вечери.
Со пречекот на елката почнува сезоната на празнични настани што ги организира претседателското семејство.
Ќе има церемонија поврзана со американскиот Ден на благодарноста и, секако, украсувањето на Белата куќа.
Меланија веќе неколкупати имаше чест да ја украсува Белата куќа, за време на првиот мандат на Трамп.
НО, во 2018-та, беше снимена како ја искажува својата фрустрација за украсувањето, изјавувајќи:
„На кој му е гајле за Божиќ и декорации?“
Покрај критиките за изјавата, беше критикувана и за начинот на којшто ја украси Белата куќа – еднаш постави црвени елки кои јавноста ги споредуваше со хорор-филм.
Годинава има многу повеќе искуство, па поддржувачите на Трамп и нејзините фанови очекуваат добри декорации.
Спирова С. | Црнобело