„Најсилната жена во светот“ остана без титула – била родена како маж, а се натпреварувала во женска категорија

На годинашниот натпревар за „најсилна жена во светот“ победи Американка за која подоцна се дозна дека е родена како маж. Титулата веднаш ѝ беше одземена, а се шпекулира дека пред да го промени полот, снимала филмови за возрасни.

najsilnata-zhena-vo-svetot-ostana-bez-titula-bila-rodena-kako-mazh-a-se-natprevaruvala-vo-zhenska-kategorija01.jpg

Неколкупати се случувало на женски спортски натпревар да победи трансродова жена, односно личност родена како маж, која си го променила полот.

Па, постои жестока дебата за тоа дали биолошките жени и трансродовите жени е фер да се натпреваруваат во иста категорија.

Во некои натпревари е забрането трансродови жени да се натпреваруваат со биолошки жени бидејќи иако го промениле полот, факт е дека имаат физичка предност поради полот со којшто се родени.

Таква е и ситуацијата и со натпреварот познат како „Најсилната жена на светот“.

najsilnata-zhena-vo-svetot-ostana-bez-titula-bila-rodena-kako-mazh-a-se-natprevaruvala-vo-zhenska-kategorija-10.jpg

Ова е годишен натпревар кој се одржува во САД и во кој учествуваат жени од целиот свет. Но, учесничките не смеат да бидат трансродови жени.

Победничката на годинашното издание на натпреварот беше Американката Џејми Букер.

najsilnata-zhena-vo-svetot-ostana-bez-titula-bila-rodena-kako-mazh-a-se-natprevaruvala-vo-zhenska-kategorija-11.jpg

Но, само неколку денови подоцна, титулата ѝ беше одземена откако организаторите дознале дека била родена како машко.

„Дознавме дека учесничк кој биолошки е машко, а кој сега се идентификува како жена, се натпреварувал во женската категорија.

Организаторите не беа свесни за овој факт пред натпреварот и откако се информирани почнаа истрага.

Ако бевме свесни за ова пред натпреварот, на учесникот немаше да му биде дозволено да се натпреварува“, споделија организаторите кога ѝ ја одземаа титулата.

najsilnata-zhena-vo-svetot-ostana-bez-titula-bila-rodena-kako-mazh-a-se-natprevaruvala-vo-zhenska-kategorija-06.jpg

Но, драмата почна уште не самиот натпревар. Кога Џејми беше прогласена за победничка, натпреварувачката од Англија гневно ја напушти салата.

Првично Британката го освоила второто место, а наводно се разгневила бидејќи победата ѝ била одземена од трансродова жена.

najsilnata-zhena-vo-svetot-ostana-bez-titula-bila-rodena-kako-mazh-a-se-natprevaruvala-vo-zhenska-kategorija-04.jpg

По скандалот, таа е прогласена за победник, а даде и кратка изјава за BBC Sports:

„Бев фрустрирана и гневна од она што го направи. Лажеше, не беше искрена.

Имаше жена која не влезе во финале бидејќи беше 11-та. Поради Џејми, ја изгуби шансата да влезе во топ 10 најсилни жени во светот“.

najsilnata-zhena-vo-svetot-ostana-bez-titula-bila-rodena-kako-mazh-a-se-natprevaruvala-vo-zhenska-kategorija-03.jpg

Иако можеби Џејми сега не открила дека е трансродова жена, во јавност почна да се споделува видео во 2017-та каде открива дека е родена како машко.

Видеото било објавено на канал со 12 претплатници, а на него има само фотографија од личност која личи на Џејми.

najsilnata-zhena-vo-svetot-ostana-bez-titula-bila-rodena-kako-mazh-a-se-natprevaruvala-vo-zhenska-kategorija-05.jpg

Во заднина се слуша нејзиниот глас:

„Сите на земјата сакаат да ја раскажат својата приказна, а јас не сум исклучок.

Јас сум 21-годишна трансродова жена, со историја на насилство, која пробува да остане своја додека е под влијание на своите многу религиозни родители“.

najsilnata-zhena-vo-svetot-ostana-bez-titula-bila-rodena-kako-mazh-a-se-natprevaruvala-vo-zhenska-kategorija08.jpg

Засега Џејми се нема огласено за инцидентот, а не им одговарала ни на медиумите што ја контактирале.

Во меѓувреме, почна да се зборува и дека Џејми снимала филмови за возрасни пред да го промени полот, што било доказ дека е трансродова жена.

Ова го изјави и Британката која на крај победи на натпреварот.

„Имаше фотографии од сајт за возрасни. Многу експлицитни фотографии и видеа кои го откриваат полот на оваа личност“.

najsilnata-zhena-vo-svetot-ostana-bez-titula-bila-rodena-kako-mazh-a-se-natprevaruvala-vo-zhenska-kategorija09.jpg

Џејми нема дадено коментар ни за нејзината кариера во порноиндустријата. Што се однесува до нејзиниот приватен живот, не се знаат многу детали, ниту кога направила операција за промена на полот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Жена со облини стана мета на хејтери поради изгледот во бикини на плажа: „Секогаш тие без профилна ф... „'Oслаби', ми велат... Дали сте размислиле дека не ми е гајле и дека навистина м...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
„Ги отпишавме децата од училиште за да патуваме низ светот – нè критикуваат, но овој начин на живот ... Пар од САД одлучил да го прекине формалното образование на своите деца за време ...

Најчитани неделава