„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“
Мајк и сестра му ги слушале караниците, но пробувале да си го одвлечат вниманието.
„По некое време, караниците станаа толку чести, што мислам дека ни станаа норма“.

До 13-годишна возраст, на Мајк му било јасно што се случува, па почнал да ја моли мајка му да го остави Дерек.
„Ми велеше дека ќе почека уште неколку години, додека да завршиме со училиште“.
Во 1997 година, Дона пробала да избега. Тој ден, Дерек јавно ја посрамотил така што ѝ го кренал фустанот на улица, а потоа ја истепал. Дона побегнала кај нејзиниот чичко во друг град, а Дерек бил приведен.
„Но, постојано ѝ се јавуваше, ѝ велеше дека не можел да живее без неа. Мајка ми му се врати, но не ми беше јасно зошто.
Сега, кога зборувам со други жртви на семејно насилство, ми стана јасно зошто некогаш се враќаат кај насилникот“.

Во една пригода, Мајк и сведочел како Дерек ја напаѓа мајка му.
Кога си дошол дома, Дерек бил пијан, мајка му седела на друг крај од собата. Дерек ѝ рекол да седне да него, но таа не сакала.
„Следниот миг скокна од креветот и се фрли врз неа и почна да ѝ вели дека таа му се сопруга, дека ќе прави како што ќе ѝ каже. Му реков да ги тргне рацете од мајка ми“.

Мајк успеал да го задржи Дерек и ѝ рекол на мајка му да побегнат со сестра му. Дона побегнала кај мајка ѝ и оттогаш не се вратила кај Дерек.
Но, тој честопати ја посетувал и ја молел да ѝ се врати. Набрзо потоа, Дона му кажала дека сака развод. И, тој ја убил.
Смртта на мајка му имала огромно влијание животот на Мајк. Во 2005 година станал полицаец, а од 2008-ма главниот фокус му се жртвите на семејно насилство.

Поддржува низа организации и кампањи и пробува да ја зголеми свесноста за овој сериозен проблем.
Честопати како пример ја користи неговата приказна.
„Тоа што зборувам за мајка ми ми е како терапија“.
Спирова С. | Црнобело
