Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на кралското семејство?
- Детали
- сабота, 20 декември 2025
Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и тоа е причината поради која, и по 11 години, таа и понатаму работи за Кејт и Вилијам, но уште поважно - тие ја сметаат за дел од семејството.

Марија Тереза Турион Борало, од 2014-та година живее покрај принцот и принцезата од Велс, а работи како дадилка на нивните три деца - принцовите Џорџ и Луи и принцезата Шарлот.
Нејзиниот живот изгледа гламурозен однадвор, а се состои од бројни патувања, но и многу работа околу децата.
Многумина сметаат дека не постои подобра дадилка во светот од Марија Тереза и тоа е причината поради која, и по 11 години, таа и понатаму работи за Кејт и Вилијам, но уште поважно - тие ја сметаат за дел од семејството.

Доказ за ова е и фактот што дадилката оваа година му се придружила на британското кралско семејство на традиционалниот божиќен ручек во Сандрингам.
Таа е фотографирана на пат кон Сандрингам, на задното седиште од автомобилот, како седи зад принцот Вилијам.
Ова е огромна чест за некој што нема кралска крв, бидејќи на овој ручек доаѓаат само членовите на семејството и уживаат неформално во опуштеното дружењето, кога и на децата им е дозволено сè.
Не е првпат Марија Тереза да им се придружи на своите шефови за празниците. Таа ваква покана добила и за време на владеењето на кралицата Елизабета II.
Марија Тереза се грижи за децата на Вилијам и Кејт од 2014 година, 8 месеци по раѓањето на принцот Џорџ.

Иако тие претходно велеа дека не планираат да ангажираат дадилка, по 8 месеци, ја вработија Марија Тереза.
Потоа, кога се родија принцезата Шарлот и принцот Луис, таа почна да се грижи и за нив.
Извори блиски до семејството, велат дека Марија Тереза е многу блиска и со принцезата од Велс и дека беше покрај Кејт во сите среќни и тешки моменти, особено изминатите две години.

Што знаеме за кралската дадилка?
Родена е во Паленсија, од северниот дел на Шпанија.
Дипломирала на престижниот колеџ „Норланд“ во Сомерсет, каде што дадилките учат сè што е потребно за да се грижат за децата од аристократските семејства - од менување пелени до држење часови како почеток на нивното образование во раното детство.
Со оглед на тоа што најчесто се вработени од семејства на моќни и богати луѓе, дадилките од „Норланд“ имаат вештини што повеќето дадилки ги немаат, па поминуваат низ обука како да реагираат во случај на терористички напад и да ги заштитат децата.

Таа е обучена и за справување со сајбер криминал и бегство со автомобил.
Уште една работа што ја научила за време на нејзиното образование, е како да комуницира со децата и како да зборува пред нив.
Па, така, неа ѝ е забрането да го користи зборот „деца“, туку секогаш треба да ги вика по име Џорџ, Шарлот и Луи.
