Обучена е да ги заштити децата во терористички напад, забранет ѝ е еден збор - Која е дадилката на кралското семејство?

За Марија Тереза се вели дека е многу интелигентна, но и трпелива жена која обожава да поминува време на отворено, а тоа совршено се вклопува со плановите на Вилијам и Кејт нивните деца да поминуваат што е можно повеќе време надвор.
„Има многу возење велосипед, играње со кучиња, градинарство... Марија навистина сака да ги учи децата преку игра“, напишал кралскиот биограф Луис Херен.

Таа, наводно, има многу силен инстинкт кога станува збор за деца и е многу добра во својата работа, поради што принцезата од Велс понекогаш се плаши дека децата ќе бидат повеќе приврзани со дадилката, отколку со неа како нивна мајка.
Таа скоро секогаш носи униформа - кафеав костум, шапка и бели ракавици.

Според добро упатени извори, кралската дадилка почнува да ги подготвува децата за спиење околу 19 часот.
Преку ден, пак, поминува многу време со нив играјќи си, што најчесто се одвива на отворено, без оглед на временските услови.
Според медиумите, таа не е во брак, ниту е во врска, а причината за тоае што одлучила да го посвети својот живот на работата и на семејството за кое работи.

А. Ј. | Црнобело
