Жена која исчезнала пред 42 години е пронајдена со нов идентитет – не ни знаела дека е жртва на киднапирање

Во американската држава Кентаки се случила драма налик сапуница – 42 години по исчезнувањето на мало девојче, полицијата успеала да го најде. Денес е жена на 45-годишна возраст која живее со друг идентитет и не ни била свесна дека била киднапирана од нејзината мајка.

zhena-koja-ischeznala-pred-42-godini-e-pronajdena-so-nov-identitet-ne-ni-znaela-deka-e-zhrtva-na-kidnapiranje01.jpg

Девојче од Кентаки кое исчезнало пред цели 42 години неодамна било пронајдено.

Сега има 45 години и живее со друг идентитет, а најлудото во целата приказна е што жената не ни била свесна дека пред четири децении, станала жртва на киднапирање.

Мишел Мари Њутон била пријавена за исчезната на 2-ри април 1983 година.

Тој период, нејзината мајка Дебра наводно добила нова работа, па од Кентаки заминала во Џорџија, заедно со Мишел.

zhena-koja-ischeznala-pred-42-godini-e-pronajdena-so-nov-identitet-ne-ni-znaela-deka-e-zhrtva-na-kidnapiranje-02.JPG

Но, Дебра всушност ја киднапирала Мишел – ја однела во Џорџија без татко ѝ да знае.

Нејзината мајка си го променила името Шерон и 42 години со ќерка ѝ живееле во лага.

Таткото на Мишел, Џозеф, се обидувал да ги лоцира и сега вели дека зборувал со поранешната сопруга околу една година откако ја киднапирала ќерка им.

Но, потоа ѝ изгубил секаква трага.

zhena-koja-ischeznala-pred-42-godini-e-pronajdena-so-nov-identitet-ne-ni-znaela-deka-e-zhrtva-na-kidnapiranje-06.JPGФотошопирана фотографија која покажува како би изгледала Мишел денес

Надлежните сепак не го затвориле случајот и ја продолжиле истрагата до 2000 година.

Кога веќе не можел да стапат во контакт со Џозеф, таткото на исчезнатото девојче, сепак прекинале со потрагата.

Околу пет години подоцна, Мишел била тргната и од американската база со податоци за исчезнати деца.

Во 2016 година, случајот повторно бил отворен, по барање на член на семејството. Надлежните правеле сè во нивна моќ, но немале доволно докази и истрагата стоела во место.

Но, годинава добиле анонимен повик со чија помош ја лоцирале куќата на Дебра, мајката на Мишел.

zhena-koja-ischeznala-pred-42-godini-e-pronajdena-so-nov-identitet-ne-ni-znaela-deka-e-zhrtva-na-kidnapiranje-03.JPGМајката на Мишел

На 24-ти ноември, полицијата отишла во куќата на Дебра. Таа го користела името „Шерон Нили“, а имала и нов партнер.

Веднаш ја уапсиле, а потоа отишле кај Мишел и ѝ кажале:

„Не си личноста којашто мислиш дека си. Ти си исчезната личност. Ти си Мишел Мери Њутн“.

zhena-koja-ischeznala-pred-42-godini-e-pronajdena-so-nov-identitet-ne-ni-znaela-deka-e-zhrtva-na-kidnapiranje-04.JPGМајката на Мишел пред да биде уапсена

Тие ја однеле Мишел во полициската станица и овде се видела со татко ѝ по цели четири децении.

„Отсекогаш беше во нашите срца. Не можам да го опишам моментот кога можев да ја прегрнам.

Не би го заменил тој миг за ништо. Беше исто како кога ја видов откако се роди“, сподели таткото на Мишел.

Дебра била ослободена со кауција, но наскоро ќе треба да оди и на суд за киднапирањето на нејзиното дете.

zhena-koja-ischeznala-pred-42-godini-e-pronajdena-so-nov-identitet-ne-ni-znaela-deka-e-zhrtva-na-kidnapiranje-05.JPGМишел денес

Мишел, пак, збунета од целата ситуација, пробува да остане неутрална.

„Мојата намера е да ги поддржам и двајцата родители и да пробаме да го завршиме ова поглавје за сите да можеме да закрепнеме“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Жена со облини стана мета на хејтери поради изгледот во бикини на плажа: „Секогаш тие без профилна ф... „'Oслаби', ми велат... Дали сте размислиле дека не ми е гајле и дека навистина м...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...

Најчитани неделава