„Доста ги фалите!“ - Мрачната страна на Швајцарците - шетаат излитени, дома им е хаос и се скржавци
Сега, дали е добро да се биде прекумерен штедач или, како што кај нас би рекле „скржавец“, секој нека процени како сака.
Има тука уште многу што може да се каже за Швајцарците, како на пример тоа дека се ужасно неуредни и куќите им се навистина валкани.

Однадвор сè изгледа топ средено, но кога ќе влезете внатре, дури тогаш ќе видите што е нечистотија. Верувајте ми, сум влегла во многу нивни куќи и станови.
Одaт по улица излитени, во чудни аутфити, децата им се секогаш со нос што тече и воопшто не се грижат за тоа.
Луѓе што имаат пари одат облечени како бездомници.

Кога ќе дојдат кај вас на гости, уживаат во вашата храна, а кога ти ќе одиш кај нив, ти послужуваат малку сирење, некоја маслинка и некое евтино црвено вино… И пак ќе нагласам, тоа не се луѓе без пари. Но, повторно, не сакам да генерализирам.
Затоа, кога ќе дојдам во мојата Босна, се нагледувам убавина каде и да се свртам.
Џабе им е сè што имаат, верувајте. Тие доживуваат длабока старост, но се многу несреќни, бидејќи нивните деца ретко ги посетуваат. Ги сместуваат во домови за стари лица и едвај чекаат кога ќе умрат.
За жал, така е. Но, сето тоа е затоа што и тие родители самите изградиле таков однос со децата.
Да не ви зборувам за разводите – секој трет брак завршува со развод. А зошто?
Поради пари, сè се врти околу парите.
Секој петти пар со деца живее во вонбрачна заедница, едноставно не се венчаваат.
Има тука уште многу работи кои мене ми се преку глава. Чест на исклучоците, се разбира!“

С. С. | Црнобело
