Мрачната вистина за девојките на кои милионерите им плаќаат да бидат дел од нивните забави на јахти
- Детали
- сабота, 06 септември 2025
„Другарка ми возбудено ми рече: „Сè што треба да направиме е да разговараме со гостите, да танцуваме, да се дружиме и да позираме во бикини. Таму сме за да донесеме гламур“ и на почетокот беше така, но не сфатив колку бев наивна, сè додека не бев сексуално нападната на јахта од пијан крипто-милионер и немаше бегање“, вели Сара Харис (27) од Велика Британија.

На некои девојки можеби им звучи како работа од соништата да бидат платени за да се забавуваат со милионери и богати и славни на луксузни јахти на егзотични дестинации низ целиот свет, но вистината е сосема поинаква и оваа работа е далеку од само забава.

Атрактивните млади жени често се ангажирани наводно само за да „изгледаат убаво“ на бродот, но гламурозната работа која ја очекуваат честопати не е баш онаква каква што се претставува.
Девојките кои имаат искуство со работа на јахти во повеќе ситуации се пожалиле на сексуална експлоатација и принуда од страна на богати мажи, пишува магазинот „TheSun“.

Моделот Сара Харис (27) од Велика Британија, искрено вели: „Не сфатив колку бев наивна, сè додека не бев сексуално нападната на јахта од пијан крипто-милионер и немаше бегање. Сега сакам да ги предупредам другите за мрачната позадина на гламурозните забави.“.
Сара Харис
Сара признава дека била пресреќна кога го добила својот прв ангажман додека живеела во Дубаи во 2021 година.
Нејзината исповед:
„Снимав каталог за костими за капење кога друг модел ме праша дали би била заинтересирана да бидам платена за да се забавувам на суперјахта.
Таа и уште две модели што ги знаев одеа, а платата беше 700 евра за петчасовна работа. Тоа беше забава за еден добро познат диџеј.

Возбудено ми рече: „Сè што треба да направиме е да разговараме со гостите, да танцуваме, да се дружиме и да позираме во бикини. Таму сме за да донесеме гламур“.
Шофер нè однесе до јахтата, каде што врвна екипа беше подготвена да ни ја направи фризурата и шминката.

