„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“
- Детали
- петок, 24 април 2026
Кон крајот на минатата година, пар од Флорида добил ќерка зачната со ин витро. Но, додека тие се бели, бебето било црно и им станало јасно дека клиниката направила грешка. Сега тие ја тужат клиниката, но и живеат во страв дека биолошките родители на детето ќе сакаат да им го земат.

Третманите во клиниките за асистирано оплодување чинат мало богатство и луѓето очекуваат дека можат да имаат целосна доверба во нив.
Но, некогаш и овде се случуваат грешки чии последици можат да бидат катастрофални.
Во ваква непријатна ситуација се нашле Тифани Скор и нејзиниот сопруг Стивен Милс кои тужат клиника за ин витро, откако добиле дете од туѓ ембрион.
Тифани и Стивен тужат клиника во Флорида со надеж дека ќе ги најдат биолошките родители на нивното дете. Истовремено, сакат да дознаат дали нивните ембриони биле дадени на други семејства.
Во клиниката, Тифани и Стивен направиле и чувале три ембриони. Минатиот април Тифани забременила со асистирано оплодување, сигурна дека клиниката искористила еден од нивните ембриони.
На 11-ти декември Тифани се породила, но на нивното големо изненадување, детето било црно – и таа и сопругот се бели и немаат никакво афроамериканско потекло.
Тие направиле и ДНК тест кој потврдил дека не се биолошки родители на девојчето.
Велат дека се пресреќни за нивната ќерка, но ја поднеле тужбата бидејќи чувствувале морална одговорност за нејзините биолошки родители.
„Нашата радост за бебето се искомплицирана од тажната реалноста дека нејзините биолошки родители или можеби некое сосема друго семејство, го добило детето што сме го зачнале ние. Скршени сме, тажни и збунети“, вели парот за магазинот People.
Тие исто така биле загрижени и дека девојчето ќе им биде одземено и дадено на биолошките родители – нешто што велат дека не би можеле да го преболат.