„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“
Нивните адвокати споделија дека Тифани и Стивен се вљубени во нивната ќерка и стравот дека ќе ја изгубат е постојано присутен.
Сега, неколку месец по раѓањето на девојчето, Тифани и Стивен открија дека ги дознале идентитетот на биолошките родители на нивната ќерка.
Нормално, тие не ги откриваат идентитетите јавно, но истакнуваат дека се надеваат дека ќе соработуваат со нив.
„Ова завршува едно поглавје од нашето патување, но создава нов проблем кој ќе треба да биде решен.
Покрај тоа, прашањата за нашите преостанати ембриони уште се неодговорени и веројатно никогаш нема ни да добиеме одговорот.
Само едно нешто е сигурно, а тоа е дека ја сакаме нашата ќерка и ќе бидеме нејзини родители засекогаш“, изјавија Стивен и Тифани.
Сепак, тие стравуваат дека нивните ембриони ќе завршат кај некое друго семејство кое ќе се најде во иста положба како нивната.
„И покрај невозможната ситуација, ние сме благодарни зa нашето убаво и здраво девојче. Благодарни сме што можеме да ја прегрнеме, да ја бакнеме и да ја сакаме.
Таа е светлина во нашите животи и најубавото нешто што излезе од целата ситуација. Без разлика како и зошто се случило ова, таа е наша.
Моментите што ги споделуваме со неа се најважното нешто“, додава парот.
Што се однесува до клиниката, тие се немаат огласено. На почетокот од месецот само споделија дека клиниката ќе се затвора и ќе биде отворена друга клиника во истиот простор.
Претходно на нивното веб-сајт пишуваше дека соработувале за истрагата, но подоцна оваа информација беше тргната.
Во 2023-та, пак, во клиниката биле воочени нерегуларности за време на инспекција, но таа сепак продолжила со работа.
Спирова С. | Црнобело