Инфлуенсерка починала во Москва, по операција за зголемување на задникот – „хирургот“ немал специјализација
- Детали
- четврток, 08 јануари 2026
Инфлуенсерка со руско потекло, која живеела во Италија, починала по операција за зголемување на задникот во приватна клиника во Москва. Во меѓувреме на виделина излегоа рецензиите за клиниката кои се далеку од убави – многу жени имале навистина непријатно искуство и ги предупредуваат другите воопшто да не одат таму.

Позната инфлуенсерка со над 77.000 Инстаграм следбеници почина по пластична операција во Москва.
38-годишната Јулија Бурцева, која живеела во Италија, била познава по содржините со кои споделува детали од секојдневието со сопругот.
На 4-ти јануари, Јулија правела операција во приватна клиника во Москва каде состојбата ѝ се влошила.
Иако веднаш била пренесена во друга болница, состојбата само ѝ се влошувала, за на крај да биде прогласена за мртва.
Според рускиот медиум MSK1, по трагедијата, надлежните во Москва веднаш почнале истрага за да ја утврдат причината.
Следниот ден се дозна дека Јулија правела операција за зголемување на задникот, а хирургот кој ја правел операцијата бил главен осомничен.
Јулија наводно имала анафилактички шок кој бил предизвикан од небрежност од страна на лекарите.
Подоцна руските медиуми споделија и дека хирургот воопшто немал завршено медицина, односно соодветна специјализација.
Истрагата уште трае и според некои извори, лицето кое ја правело операцијата може да добие и до три години затвор.
Инаку, Јулија живеела во Италија со нејзиниот сопруг Џузепе. Парот имал и мала ќерка.
Инфлуенсерката потекнува од Русија, па била активна и на социјалната мрежа VK во Русија.
Утрото пред операцијата, таа споделила објава на руската социјална мрежа – видео од кафетерија во Москва.
На Инстаграм, пак, нејзиното последно видео е со ќерка ѝ, и е од 5-ти декември минатата година.