Инфлуенсерка починала во Москва, по операција за зголемување на задникот – „хирургот“ немал специјализација
Во коментари на објавите, следбениците на Јулија изразуваат сочувство, но и апелираат многу да се внимава кога се оди во клиника за пластична операција.
„Зошто толку прекрасна девојка мислела дека има потреба од операција? Нека почива во мир“.
„Кога јас правев фејслифтинг, внимателно ги проверував сите доктори. Јулија го доверила својот живот на личност која немала ни соодветно образование“.
„Колку страшно, а толку беше млада…“
„Сега ги погледнав рецензиите за клиниката и ми се наежи косата. Девојки, секогаш читајте рецензии!“
Операцијата на Јулија била направена во клиниката Elmas, на чиј веб-сајт се промовирани разни естетски зафати.
На сајтот тврдат дека се користат „напредни технологии“ со кои се елиминирале ризиците и компликациите.
Сепак, онлајн рецензиите на клиниката се далеку од убави. Иако има и задоволни пациенти, не изостануваат и лоши коментари.
Некои велат дека од клиниката некогаш лажат за сумата на третманите и отпосле им бараат повеќе пари.
Други велат дека биле повикани на безброј консултации кои само им трошеле и време и пари.
Има и незадоволен пациенти кои велат дека од клиниката ги притискале да прават и други зафати кои самите воопшто не ги сакале.
„Не ја препорачувам клиниката на никој кој си ги цени времето, парите и здравјето. Наместо квалификувани експерти, ќе се соочите со некомпетентност, алчност и лаги“.
„Ова е професионална измама за пари! Немојте да си го трошите времето“.
„Ужасно, воопшто не ги препорачувам… Сега откако ги прочитав другите рецензии, ќе ви кажам само дека се пишувани од вработените во клиниката“.
Засега семејството на Јулија и нејзиниот сопруг се немаат огласено за трагедијата.
Спирова С. | Црнобело