Убави вести од 2025-та кои поминаа незабележано: Во Хелсинки немало ниту една жртва во сообраќајка

Бројот на китови во Северноатлантскиот Океан почна да се зголемува

За жал, во само неколку децении го видовме изумирањето на бројни животински видови, неретко предизвикано од човечки фактори.

Меѓу засегнатите животни беа китовите во Северноатланскиот Океан на кои им се закануваш изумирање поради честото ловење. Овие животни честопати страдаат и од рибарските мрежи бидејќи се заплеткуваат во нив, а има и многу ситуации кога се судираат со бродови и умираат.

Но, според извештај од октомври минатата година, бројот на загрозените китови почнал да се зголемува.

Сега се проценува дека во океанот има 384 китови од најзагрозениот вид, што е зголемување за над 7% од 2020 година.

ubavi-veti-od-minatata-godina-koi-pominaa-nezabelezhano-vo-helsinki-nemalo-nitu-edna-zhrtva-vo-soobrakjajka-04.JPG

Околу 90% од електричната енергија во Костарика е добиена преку обновливи извори

Костарика е лидер кога е во прашање користењето електрична енергија од обновливи извори.

Над 90% (според некои извори и до 98%) од електричната енергија се добива со помош на обновливи извори.

Ова значи дека покрај домаќинствата, и фабриките и институциите главно користат струја од обновливи извори.

Со ова драстично се намалува загадувањето на воздухот, почвата и водата, но и сметките за струја се многу пониски.

Генерално, Костарика веќе неколку години наназад е пример дека е возможно речиси целосно да се префрлиме на обновливи извори на енергија, со што ќе решиме многу проблеми со кои се соочуваме.

ubavi-veti-od-minatata-godina-koi-pominaa-nezabelezhano-vo-helsinki-nemalo-nitu-edna-zhrtva-vo-soobrakjajka-05.JPG

Во Хелсинки немаше ниту една смрт од сообраќајка во период од 12 месеци

Додека кај нас сообраќајките, но и жртвите во сообраќајот како да се зголемуваат, ситуацијата е многу поразлична во Хелсинки.

Од јули 2024-та до јули 2025-та, во престолнината на Финска ниту едно лице не загинало во сообраќајка.

Ова се должи на неколку фактори. На пример, околу училишта и повеќето населени области, брзината на возење е ограничена на само 30 километри на час, наместо на 50.

Покрај тоа, градот има одлична инфраструктура за пешачење или возење велосипед, како и функционален јавен превоз.

Сето ова ја намалува потребата за автомобил и директно влијае врз бројот на сообраќајки.

Низ градот има и камери кои ја следат брзината на возачите.

ubavi-veti-od-minatata-godina-koi-pominaa-nezabelezhano-vo-helsinki-nemalo-nitu-edna-zhrtva-vo-soobrakjajka-06.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Почина „заспаниот принц“ од Саудиска Арабија: Помина 20 години во кома, по сообраќајка По две децении во кома, 36-годишниот Ал-Валид од Саудиска Арабија, попознат како...
Се лекувал од импотенција, заработил милијарди со перење пари: Кој е новиот мистериозен лидер на Ира... Иако не е официјално потврдено, според некои извори новиот врховен лидер е синот...
Жена го лажела дечко ѝ дека има рак за да ѝ дава пари – ги трошела на патувања и пластични операции Во период од пет години, жена од Англија го лажела нејзиниот партнер дека има не...
Моќна лекција за жените од Мишел Обама: „Не мора да имате сè сега, животот е долг и има поглавја“ (в... „Невозможно е да имате сè сега, престанете со тоа. Што е тоа нетрпение и чувство...
Морничави видеа: Огромна дупка се отвори на автопат во Бангкок – „проголта“ автомобили и бандери Дупка со ширина од 30 метри и длабочина од 50 метри се формира на автопат во Бан...

Најчитани неделава