Надреални фотки и видеа од Камчатка во Русија – Снежна покривка од 3 метри, снегот достигнува до 4-тиот кат
- Детали
- сабота, 17 јануари 2026
Поради снежна бура, во некои области на Камчатка, Русија, снежната покривка е повисока од три метри и достигнува и до четвртиот кат од станбените згради.

Полуостровот Камчатка во Русија го зафати снежна бура уште на почетокот на неделата, а некои области се парализирани и денес.
Како што пренесува The Moscow Times, во најпогодените области снежната обвивка изнесува и до четири метри, односно на некои места снегот достигнува и до четвртиот кат од зградите.
Некои извори споделуваат дека, за жал има и две жртви.
Поради лошите услови, многу училишта се затворени и некои области се целосно парализирани, а надлежните апелираат луѓето да не ги напуштат домовите освен ако не е навистина неопходно.
На Твитер веќе се споделуваат фотографи и видеа кои ја покажуваат глетката во некои области од Камчатка.
А, објавите изгледаат толку нереално, што некои во опис истакнуваат дека не се во прашање видеа и фотки направени со вештачка интелигенција.