Го запознала сопругот на апликација за состанување: Која е новата прва дама на Њујорк со впечатлив моден стил?

28-годишната Рама Дуваџи е сопруга на новиот градоначалник на Њујорк, а веднаш почна привлекува внимание со впечатливиот стил. Таа е уметница и пробува да го скрие приватниот живот од јавноста, особено по победата на нејзиниот сопруг.

go-zapoznala-soprugot-na-aplikacija-za-sostanuvanje-koja-e-novata-prva-dama-na-njujork-so-vpechatliv-moden-stil-01.jpg

Од 1-ви јануари, Њујорк има нов градоначалник – Зохран Мамдани – но во јавност исто внимание привлекува и неговата сопруга Рама Дуваџи.

Зохран Мамдани победи на изборите на 4-ти ноември, а откако официјално ја презеде титулата, и неговата сопруга повторно се најде во фокус.

Првата дама на Њујорк е истакната илустраторка, скулпторка и аниматорка, но сепак пробува да крие детали од приватниот живот.

Веќе стана препознатлива по впечатливиот моден стил, но и нејзината возраст – со своите 28 години, Рама е првата жена од генерацијата З која може да се пофали со титулата прва ама на САД.

Што знаеме за неа?

Родена е во САД, а живеела и во Дубаи

Родителите на Рама потекнуваат од Сирија, но таа е родена во САД.

Извесен дел од детството поминала и во Дубаи, а потоа завршила факултет во Америка.

Од 2021-ва живее во Њујорк, каде што завршила магистерски студии.

Работи како илустраторка, аниматорка и скулпторка

Рама е уметница која се занимава со илустрирање, анимација, како и правење скулптури од керамика.

Нејзините дела се имаат појавено во некои од најпознатите американски медиуми, како The New Yorker, Washington Post, но и британскиот BBC.

Истовремено, има создавано дела за клиенти како Apple, Spotify и музејот Tate Modern.

Го запознала сопругот на апликација за останување

Рама и сопругот Зохран се запознале во 2021 година, преку апликацијата за состанување Hinge.

Се свршија кон крајот на 2024-та, а се венчаа лани, во февруари.

Не се познати дури детали за нивната врска, но новиот градоначалник на Њујорк неколкупати јавно ѝ се има заблагодарено на саканата за нејзината поддршка, особено за време на кампањата.

Пробува да се држи настрана од јавност

Иако веќе е јавна личност, Рама пробува да го држи својот приватен живот настрана од јавноста.

На социјалните мрежи ретко споделува фотки од себе и повеќе се фокусира на нејзините уметнички дела.

„Овие денови се фокусирам на создавањето уметност за моите искуства и работите за коишто се грижам“ изјави во интервју кратко по победата на сопругот.

Има впечатлив моден стил

Деталот што најпрво се забележува кај Рама е дефинитивно нејзиниот моден стил.

Покрај сопругот секогаш е во поминималистичко издание, но сака да ги акцентира комбинациите со накит.

Преферира црни аутфити, а впечатливите чизми ѝ се заштитен знак.

Повеќе фотки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...

Најчитани неделава