Американка се пресели на Балканот и се чуди: „Тука се чисти премногу, се перат завеси често, а мора да сум и дотерана“
- Детали
- сабота, 24 јануари 2026
„Чувствувам дека ако излегувам од куќата морам да имам средена коса, малку шминка и убава облека. Во Америка буквално излегувам од куќата со коса во пунџа и тренерки“, вели Елизабет Минеман од САД која се вљуби во Босанец.

Елизабет Минеман од САД се преселила во Босна и Херцеговина во име на љубовта кон Босанецот Сенаид Шариќ, а сега на социјалните мрежи споделува искуства од животот таму.

Таа откри што ја изненадило најмногу по доаѓањето во земјата.
Таа вели дека во Босна и Херцеговина и општо на Балканот постои значително поразличен стандард на чистота и хигиена во домовите во споредба со Америка.

Елизабет вели:
„Во Америка би рекла дека ‘чисто’ всушност значи средено, но овде стандардот е многу висок.
Повеќе е како длабинско чистење. Подот мора да биде измиен, ѕидовите мора да се искречат, завесите секогаш да се чисти?!
Мислам дека тоа во Америка го правиме можеби еднаш годишно, а дали и толку“.

Дополнително, напоменува дека на Балканот сè мора секогаш да мириса убаво, наведувајќи дека во некои автомобили има дури и неколку освежувачи на воздух, а перењето облека подразбира користење многу омекнувачи и парфеми.
Исто така, таа нагласи дека во Босна и Херцеговина чувствува притисок дека секогаш мора да изгледа средено.
„Чувствувам дека ако излегувам од куќата морам да имам средена коса, малку шминка и убава облека. Во Америка буквално излегувам од куќата со коса во пунџа и тренерки“.

Уште една работа која ѝ пречи е гледањето во други луѓе.
„Мислам дека зјапањето во други луѓе овде е многу поинтензивно, отколку во мојата култура.
Луѓето овде се заинтересирани и само ќе ве гледаат и не им е срам“.


За сообраќајот призна дека ја плаши колку често во Босна и Херцеговина возачите претекнуваат други автомобили.

