Нови правила за инфлуенсерите во Дубаи, каде работат и многу Македонци - мора да извадат посебна дозвола

Во Обединетите Арапски Емирати, вклучително и Дубаи, се менуваат правилата за инфлуенсерите. Оние кои сакаат да објавуваат промотивни содржини на нивните профили ќе треба да извадат посебна дозвола. Инфлуенсерите кои се од странство, ќе треба да извадат и посебна дозвола за странци која ќе важи три месеци и чини околу 1.300 долари.

novi-pravila-za-influenserite-vo-dubai-mora-da-izvadat-posebna-dozvola-za-reklamiranje01.jpg

Обединетите Арапски Емирати ги менуваат правилата за инфлуенсерите – сите кои објавуваат промотивни содржини на социјалните мрежи, мора да имаат извадено посебна дозвола.

Целта на овие измени е да се заштити јавноста од лажни и содржини кои можат да доведат до заблуда, на социјални мрежи како Инстаграм, Фејсбук и ТикТок.

Правилото важи за инфлуенсери, но и корисници на социјалните мрежи кои објавуваат какви било содржини што се промотивни.

Притоа, не е важно дали добиле финансиски надомест за објавата или сте направиле спогодба со бесплатен продукт, услуга и слично.

novi-pravila-za-influenserite-vo-dubai-mora-da-izvadat-posebna-dozvola-za-reklamiranje-02.jpg

Измените во законот првпат беа претставени во јули 2025-та, а сега надлежните споделија дека крајниот рок за подигнување на дозволата за рекламирање е 31-ви јануари.

Дозволите за рекламирање ќе бидат бесплатни во првите три години, а потоа ќе се плаќа околу 270 долари годишно.

Инфлуенсерите и туристите од други земји кои ќе сакаат да промовираат онлајн  ќе треба да извадат уште една дозвола, наменета за посетители.

Дозволата за странци ќе има важност од три месеци и потоа може да се продолжува. Дозволата за странци засега чини околу 1.300 долари.

Како што пренесува Time Out Dubai, дозвола можат да добијат само лица постари од 18 години, како и лица кои во минатото не ги прекршувале правилата за користење на социјалните мрежи.

novi-pravila-za-influenserite-vo-dubai-mora-da-izvadat-posebna-dozvola-za-reklamiranje-03.jpg

Правилата за жителите на Емиратите и странците малку се разликуваат, па препорачливо е странците кои сакаат да промовираат добро да истражат кои се документи и дозволи ќе им бидат потребни.

Ако сакате да одите во Дубаи или каде било во Обединетите Арапски Емирати и да работите како инфлуенсер, а немате државјанство, тогаш можно е да треба да аплицирате и за бизнис лиценца.

Ќе биде потребна и лиценца за работа со електронски и дигитални медиуми.

Сепак, овие лиценци се потребни само за инфлуенсери кои редовно заработуваат од нивните содржини. Односно, ако инфлуенсерот нема редовен приход од оваа работа и прави само мали промоции без финансиски надомест, тогаш нема потреба од лиценцата.

novi-pravila-za-influenserite-vo-dubai-mora-da-izvadat-posebna-dozvola-za-reklamiranje-04.jpg

Дубаи веќе прави напори да привлече повеќе инфлуенсери и на некои подобро квалификувани им нуди поволности како „златна виза“ за Емиратите.

Со оваа виза, инфлуенсерите можат самостојно да живеат и работат во Обединетите Арапски Емирати и до 10 години.

Потребните дозволи, заедно со условите и правилата, може да се најдат на официјалниот веб-сајт на National Media Authority.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Мрачната вистина за девојките на кои милионерите им плаќаат да бидат дел од нивните забави на јахти „Другарка ми возбудено ми рече: „Сè што треба да направиме е да разговараме со г...
„Знаеме кој нè штити“: OAE плаќаат престој и храна за 20.000 заглавени туристи – жителите ги возвишу... „Така се прави тоа“, „Се чувствуваме безбедни зашто знаеме какви лидери се на че...
„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот Линда Андраде (27) е богата домаќинка од Дубаи. Нејзината приказна е како сценар...
Елитата плаќа и до 300.000 евра за бегство од Дубаи – зошто инфлуенсерите тврдат дека сè е во ред? Ако некој каже или сподели нешто што ќе ја наруши репутацијата на Дубаи или Емир...

Најчитани неделава