Спиел со Русинки и се заразил од нив, имал афери со жени во брак: Бил Гејтс спомнат во документите на Епстин, се огласи и Мелинда
- Детали
- петок, 06 февруари 2026
Според мејлови кои се објавени во документите од истрагата за Епстин, Бил Гејтс спиел со девојки од Русија, а се заразил и со сексуално пренослива болест поради што тајно ѝ давал антибиотици на тогашната сопруга Мелинда. Во еден од мејловите стои и дека бил скржав и „неговата девојка и играчка“ ја оставил без пари.

Постојат безброј шпекулации и претпоставки за тоа кој сè се дружел со педофилот Епстин и бил вмешан во неговите криминални дела, кои вклучуваат трговија со луѓе и проституирање малолетници.
На многу приватни фотографии на Епстин кои беа запленети за време на истрагата се гледаат моќни луѓе како Бил Клинтон и принцот Ендру, додека во документите што беа споделени со јавноста се спомнуваат уште повеќе, како американскиот претседател Доналд Трамп.

Со последното објавување на документи од случајот, во фокус се најде Бил Гејтс.
Основачот на Microsoft е поврзуван со Епстин уште откако јавноста дозна за скандалот, но тој негираше.
Во меѓувреме, Бил Гејтс се разведе од сопругата Мелинда, а се верува дека една од причините е неговата поврзаност со педофилот.
Во новообјавените документи, пак, има мејл според кој Бил не само што се дружел со милијардерот, туку и тој бил еден од неговите „клиенти“.

Мејлот си го испратил Џефри Епстин сам на себе, а се претпоставува дека е порака што ја напишал Борис Николиќ – поранешниот советник на Бил Гејтс.
Мејлот е испратен на 18-ти јули 2013 година, а во него авторот, наводно советникот на Бил, вели дека решил да ја прекине соработката со Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
„Не ја донесов оваа одлука брзо или без размислување. Изминативе неколку недели се најдов среде сериозна брачна караница помеѓу Мелинда и Бил.
Имам најголем почит кон мојот пријател што го знам 7 години и на двајцата им посакувам сè најдобро“.

Тој вели дека бил негова десна рака во фондацијата, како и дека неколкупати бил обвинет дека бил вклучен во работи кои се непристојни, неморални, па и нелегални.
Тој додава и дека Бил Гејтс спиел со „девојки од Русија“ поради што се заразил со сексуално пренослива болест.
„Иако ми беше понудено да добијам нова позиција по шест години служба и дека Бил ќе ми плател дарежливо, мислам дека ќе биде неискрено кон мене и мојата иднина.
Од тоа што му помагав на Бил да допре до лековите, за да се справи со последиците од сексот со девојки од Русија, до посредување на неговите недозволени афери со мажени жени, до тоа да обезбедам Адерал…
Сметам дека им должам на моите пријатели и идни колеги да признаам морален пропуст, да побарам прошка и да продолжам со мојот живот“.

Адерал е лек кој се користи за третирање АДХД, но кој некои луѓе го злоупотребуваат како дрога.
Мејлот можете да го погледнете ТУКА.

Во друг, подолг мејл од истиот датум, за кој исто така се верува дека е напишан од советникот на Бил Гејтс, тој спомнува дека е разочаран што Бил го прекинал нивното пријателство, а открива и дека милијардерот тајно ѝ давал антибиотици на тогашната сопруга Мелинда.
