Познати личности, девојки и деца со скриен идентитет: Морничави фотографии од документите на Епстин
- Детали
- петок, 06 февруари 2026
На некои фотографии се гледаат млади девојки, па и деца во друштво на Епстин, а на бројни фотографии го има поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Министерството за правда од САД има објавено милиони документи поврзани со истрагата за педофилот Џефри Епстин.
Помеѓу бројните мејлови и пораки, во документите има и фотографии, а на голем дел од нив се и жртвите на педофилот.
Покрај жртвите, на некои фотографии се гледаат моќни и познати луѓе во друштво на Епстин, како Бил Клинтон, Бил Гејтс, Мик Џегер, Мајкл Џексон, принцот Ендру…
Треба да се нагласи дека станува збор за приватни фотографии на Епстин, па не сите луѓе што се наоѓаат на нив биле вклучени во криминалните дејства на педофилот.
Но, несомнено, фотографиите на кои се гледаат жртвите, од кои за некои е јасно дека се само деца, се мошне вознемирувачки.
Министерството за правда ги нема споделено сите фотографии од случајот со цел да ги заштити жртвите, иако деновиве направија пропуст – краток период беа достапни фотографии на кои се гледаат жртвите без облека, без лицето да им биде скриено.
По бурните реакции овие фотографи беа повлечени.
Дел од фотографиите што беа споделени:
Цитат од книгата „Лолита“ на Владимир Набоков напишан на женско стапало

Претседателот Бил Клинтон во базен со две жени

Бил Клинтон, Мик Џегер и Гислејн Максвел

Џефри Епстин

Слика од Бил Клинтон во фустан со штикли во домот на Епстин во Менхетн

Гислејн Максвел, принцот Ендру и неколку девојки со скриен идентитет

Џефри Епстин со непозната девојка

Џефри Епстин и Бил Клинтон
