Татко ѝ веројатно бил убиен, ќе помине 20 години во затвор: Која е бившата девојка на Епстин што ги регрутирала жртвите?
- Детали
- вторник, 10 февруари 2026
Гислејн Максвел била таа која ги регрутирала жртвите на Епстин, неретко лажејќи ги со брза заработка и шанса за подобар живот. Се соблекувала пред нив и им зборувал за секс, без разлика што главно биле малолетни, и со тоа пробувала да го „нормализира“ силувањето и сексуалното малтретирање од страна на Епстин.

Во целиот случај со педофилот Џефри Епстин, во САД само две лица завршија зад решетки – самиот Епстин и неговата девојка и соработник Гислејн Максвел.
Епстин изврши самоубиство во својата затворска ќелија кратко откако беше приведен, додека Гислејн моментално отслужува 20-годишна затворска казна за трговија со луѓе и малолетничка проституција.

Што знаеме за Гислејн, која била „десна рака“ на Епстин?
Родена во 1961 година во Франција, Гислејн е ќерка на Роберт Максвел – британски медиумски могул со потекло од Чехословачка.
Два дена по раѓањето на Гислејн, нејзиниот 15-годишен брат доживеал сообраќајна несреќа поради која бил во кома.
Тој не се разбудил сè до неговата смрт во 1967-ма.

Мајката на Гислејн има изјавено дека трагедијата имала влијание врз целото семејство. Ова било доста трауматично за Гислејн која покажувала знаци на анорексија уште во деството.
Поради положбата на татко ѝ, Гислејн пораснал во раскош, се дружела со влијателни луѓе и се школувала во престижни училишта, како Оксфорд.
Во 1980-тите, Гислејн била доста позната во елитните кругови во Лондон. Основала женски клуб, била директор на фудбалскиот клуб на Оксфорд, а работела и во еден од медиумите на татко ѝ.

Се претпоставувало дека таткото на Гислејн бил вмешан и во криминал, а неговата мистериозна смрт само ги разгоре овие шпекулации.
Телото на Роберт Максвел беше пронајдено во Атлантскиот Океан во 1991 година, наводно откако паднал од неговата јахта.
Сепак, некои веруваат дека не е во прашање несреќен случај, туку можеби убиство или самоубиство.

По неговата смрт, на виделина излегоа детали за неговите криминални дела, а двајцата браќа на Гислејн кој биле најмногу вклучени се соочиле и со казни.
Поради срамот од она што се дознало за татко ѝ, во 1992 година Гислејн се преселила во Њујорк.
Користејќи го искуството од Лондон, и овде брзо нашла начин да се вмеша меѓу елитата во Њујорк.

Не е познато кога точно се запознале Џефри Епстин и Гислејн. Според некои извори, ова се случило во 1980-тите, и тоа преку таткото на Гислејн.
Други извори тврдат, пак, дека се запознале на забава во Њујорк во 1990-тите, откако Гислејн раскинала со тогашниот дечко.
На почетокот, врската на Џефри и Гислејн била романтична.
Нејзините контакти со богатите и моќните, пак, му биле од огромна помош на Џефри и преку неа запознал многу луѓе.

Многу детали од нивната врска се непознати за јавноста. Но, според досегашната истрага се знае дека во период од десетина години, помеѓу 1994 и 2004-та, Гислејн му помагал на Епстин во злоупотребувањето малолетнички.
Таа регрутирала девојчиња и на возраст од 14 години кои ги носела кај Епстин. Според некои сведоштва, и таа учествувала во силувањата.
