8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура Паузини
- Детали
- недела, 15 февруари 2026
Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и победник на Сан Ремо, и освојувач на Греми награда, Паузини во минатото често беше во медиумите поради својот скандалозен љубовен живот, а не поради кариерата.

Пејачката Лаура Паузини (51) ја испеа италијанската химна на отворањето на Зимската олимпијада во Милано и блесна на стадионот Сан Сиро во креација од познатиот бренд Armani Prive.
Со тоа му оддаде почит и на Џорџо Армани, дизајнерот кој почина во септември 2025-та на 91 година.

Публиката и денес ги пее нејзините La Solitudine и Strani Amori, како химни на младоста.
И иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и победник на Сан Ремо, и освојувач на Греми награда, Паузини во минатото често беше во медиумите поради својот бурен љубовен живот, а не поради кариерата.

Лаура го години беше во забранета врска. Ја нарекуваа „втората жена“, „љубовницата“, „растурачката на бракови“.
И со причина, зашто нејзината љубовна приказна со сопругот Паоло Карта (61) почна во 2005-та година, под комплицирани околности.

Тие ја почнаа врската во време кога Паоло сè уште беше во брак и со тогашната сопруга веќе имаше три деца.
Од самиот почеток, врската на Лаура и Паоло беше изложена на јавни критики и притисок.

Но љубовта беше толку силна, што и покрај сите скандали, парот доби ќерка во 2013 година.
Во меѓувреме Паоло се разведе и продолжи да живее со Лаура.

Парот се венча во 2024-та година, по 18 години заеднички живот, на интимна церемонија во Рим.
Лаура тогаш на Инстаграм напиша: „Рековме ‘Да’. Имаме сè што сакаме пред нас“.

Интересно е што Лаура му предложила брак на Паоло - таа клекнала на колено пред него, додека член на семејството снимал сè.
Нејзината мајка била целосно шокирана од фактот што Лаура го запросила Паоло, а не обратно.

Инаку, токму за време на отворањето на Олимпијадата, додека Паузини ја пееше химната, публиката можеше да види и емотивни видеа од семејни моменти од животот на пејачката.
Погледнете повеќе фотографии:


