„Родив 2 пара близнаци откако ми кажаа дека нема да имам деца поради ендометриоза – ми препорачаа и хистеректомија“

Млад брачен пар од Англија добил два пара близнаци, откако им кажале дека никогаш нема да имаат деца. Младата мајка имала ендометриоза, па лекарите ја советувале да направи хистеректомија. Но, пред да ја направи операција, дознала дека е бремена со близнаци, a пет месеци по првото породување, забременила уште еднаш, повторно со близнаци.

rodiv-2-para-bliznaci-otkako-mi-kazhaa-deka-nema-da-imam-deca-poradi-endometrioza-mi-preporachaa-i-histerektomija-01.jpg

Алиша Јанг и Конор Крастер се млад брачен пар од гратче во Англија кои мислеле дека никогаш нема да го искусат родителството, откако лекарите им кажале дека не можат да добијат деца.

Но, во период од околу една година, добиле два пара близнаци.

25-годишната Алиша и 26-годишниот Конор велат дека имаат полни раце работа, спијат едвај пет часа навечер и по цел ден менуваат пелени, но дека никогаш не биле посреќни.

„Среќни сме и благословени. Отсекогаш сакав големо семејство и отсекогаш сакав да бидам мајка“, раскажува Алиша за Daily Mail.

rodiv-2-para-bliznaci-otkako-mi-kazhaa-deka-nema-da-imam-deca-poradi-endometrioza-mi-preporachaa-i-histerektomija-05.JPG

Тие се запознале во 2022-ра, почнале врска и по околу една година се свршиле.

Само неколку месеци подоцна, гинекологот ѝ кажал на Алиша дека никогаш нема да роди дете бидејќи има ендометриоза.

Болеста ѝ предизвикувала обилни и болни менструации, па ѝ препорачале да направи хистеректомија – отстранување на матката. Во противно, постоело ризик да го изгуби десниот јајник.

Алиша одлучила да ја направи операцијата во февруари 2024-та. Но, пред да отиде во болница направила тест за бременост со кој добила позитивен резултат.

„Кога дознав дека сум бремена бевме шокирани, но се чувствуваме и благословено“, раскажува Алиша.

rodiv-2-para-bliznaci-otkako-mi-kazhaa-deka-nema-da-imam-deca-poradi-endometrioza-mi-preporachaa-i-histerektomija-04.JPG

Во осмата недела од бременоста дознале дека имаат близнаци, а се родиле предвремено, во ноември 2024-та.

Само пет месеци подоцна, Алиша забременила уште еднаш. На огромно изненадување на парот, но и докторите, во четвртата недела од бременоста дознале дека очекуваат уште еден пар близнаци.

„Не ни се веруваше. Првата бременост беше неочекувана, па ова ни изгледаше невозможно.

Ни кажаа дека нема да можеме да имаме деца, а ни стана јасно дека ќе имаме четири. Беше лудо – не знаевме што ќе правиме“.

rodiv-2-para-bliznaci-otkako-mi-kazhaa-deka-nema-da-imam-deca-poradi-endometrioza-mi-preporachaa-i-histerektomija-03.JPG

И вториот пар близнаци биле родени предвремено, но сега сите четири деца се во добра здравствена состојба.

Со четири мали деца, сега животот на парот е сведен на менување пелени, хранење и грижа за децата.

„Искрено, не можам да кажам кога почнува нов ден бидејќи ми се чини дека претходниот не завршил“, се шегува сопругот на Алиша, Конор.

rodiv-2-para-bliznaci-otkako-mi-kazhaa-deka-nema-da-imam-deca-poradi-endometrioza-mi-preporachaa-i-histerektomija-02.JPG

„Со четири деца, рутината е клучна. Мора да се држиме до распоредот ако сакаме барем малку време за себе.

Навистина сме среќни што имаме и голем круг на блиски кои ни помагаат и нè поддржуваат“, додава Алиша.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава